ЛДП: Договорот за нов Клинички центар е нова линија на поделба и беззаконие во државата

Никола Тодоров, Никола Груевски и Емил Димитриев денеска потпишаа и поддржаа скандалозен и бескруполозен договор за изградба на нов Клинички центар во Скопје, свесно произведувајќи нови линии на поделба и беззаконие во Р. Македонија.

Потпишувањето ваков договор од страна на лице кое не е ништо друго, освен пратеник во новиот собраниски состав, е класично кршењето на Уставот и законите во државата.

Оттука, прашуваме во кое својство Никола Тодоров потпишува милионски договори со поддршка на техничка Влада, која патем нема друга функција освен организирање избори.

Или можеби провизиите се поважни од почитувањето на законите и владеењето на правото?

ЛДП, како дел од новата влада, ќе го преиспита договорот и за истиот ќе има одговорност. Времето на беззаконие заврши со доделувањето на мандатот.

Ги повикуваме и институциите да го поништат овој договор, кој претставува преседан во секој поглед. И компаниите потписници на договорот би требало да знаат дека оваа техничка влада ниту имала, ниту има легитимитет да потпишува проекти, уште повеќе што се работи за изградба на клинички центар, кој е од голем национален интерес. Од овде, уште еднаш категорично повикуваме на поништување на овој договор, сѐ додека Република Македонија не формира нова легитимна влада.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Младите Либерал-демократи успешно го завршија вториот модул од Регионалната Либерална Политичка Академија

Со посетата во Брисел завршена е втората по ред Регионална либерална политичка академија (RLPA) на ...