ЛДП: Антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати реалноста

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврди дека е антидржавно par excellence, со тоа што сега една недела го блокира и конституирањето на Собранието на Република Македонија. Никола Груевски треба да сфати дека е опозиција и од тој факт бегање нема.

Либерално-демократската партија бара од Груевски да престане да се крие зад бескрајните реплики и контрареплики и на мирен начин да ја предаде власта која граѓаните му ја одзедоа на 11 декември, минатата година.

ЛДП става до знаење дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ најгрубо го кршат Уставот во неговите темелни вредности, како владеењето на правото и правната држава, политичкиот плурализам, прифаќање на резултатите од слободните, непосредните и демократски избори и почитувањето на волјата на мнозинството.

Режимот е на самиот крај и неопходно е пратениците да разберат дека апсолутно никој, а најмалку тие како претставници на ВМРО-ДПМНЕ, нема да го сопрат падот на еден трул и временски надминат систем на владеење.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не смеат да се ставаат во улога на бранители на криминалите на врхушката на партијата. Тие треба да знаат дека со ваквите постапки стануваат соучесници во незаконското и нелигитимно задржување на власта.

ЛДП бара веднаш да се одблокира работата на Собранието, со цел да се избере новата реформска и легитимна Влада која ќе донесе подобар живот за сите граѓани на Македонија.

 

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛИДЕМ: Благодарение на децениските погрешни политики, Скопје e втор најзагаден град во светот!

Свесното и системско уништување на зеленилото и дрвата, збогатено со ефектот од скопската урбана мафија ...