ЛДП: Груевски да не се крие, туку да понесе политичка и морална одговорност поради масовното прислушување

ldp-660x330Никола Груевски да  понесе политичка и морална одговорност за масовното прислушување, за кршењето на основните човекови права и уништувањето на демократијата воопшто.

Наместо да се крие зад фејсбук пораки за изградба на локални патишта и канализации, Груевски да излезе пред македонската јавност и да се извини за големата лага за „странските служби и жолтите комбиња“, за лагите и убедувањата дека прислушуваните материјали во „бомбите“биле сечени, лепени и монтирани. Да се извини за злоупотребата на прислушните апарати, зошто јасно е како ден кој масовно прислушкувал во оваа држава  и  за чии потреби. А сега, сосема е јасно и зошто Груевски не се појавува на рочиштата за случајот „Пуч“, затоа што и самиот знае дека од сведок многу лесно може да премине во главен осомничен.

Молчењето на Груевски за случајот „Таргет“ само ја потврдува неговата длабока инволвираност во овој криминално–политички и патолошки процес.

Но, и да се скрие во мечкина дупка, вистината и правдата ќе го стасаат Груевски!

ЛДП стои на ставот дека  овие судови не можат да ја истераат правдата на виделина. Особено не, по најновиот скандал  во Основниот суд Скопје и воопшто  во правосудството  во државата.  Судовите мора да се исчистат од „сваровски“ судиите , но и од оние на кои судовите им се ‘чешмиче’ и ‘дуќанче’.

СЈО не смее веќе да се потпира на овие судови , затоа укажуваме до македонската и меѓународната јавноста на  нужноста од формирање на специјален судски оддел кој ќе ги процесуира обвиненијата  на СЈО.

Во оваа држава конечно мора да се врати правдата и владеењето на правото.

 

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот во владата на РМ и потпретседател на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ ја посети Општина Струмица

Денес во работна посета на Струмица, претстојуваше Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, ...