Марко Зврлевски – последниот бастион на режимот на Груевски

Првиот човек на Основното јавно обвинителство на Македонија, Марко Зврлевски, уште еднаш потврди дека е последното упориште на режимот на Никола Груевски.

Јавниот обвинител, по којзнае кој пат, длабоко заглавен во политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се реши парцијално и еднодимензионално да води истраги за криминал, корупција и изборни измами и тоа само во градовите Скопје, Струмица и Куманово.

По овој чин, јасно е дека Зврлевски повторно бара криминал онаму каде што го нема, наместо да ги гони оние за кои цела јавност знае дека местеле и лажирале избори.

Зврлевски мора да знае дека со овој потег ја потврдува реалната слика на контролираното судство и обвинителство во Република Македонија од страна на власта во заминување. Но, свесно или не, секојдневно ја потврдува и потребата од постоењето и продолжувањето на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

Само за потсетување, работата на актуелното Јавно обвинителство и во изминатиот период беше нотирано и во извештаите на ЕУ и ОБСЕ. Нивните препораки беа јасни, дека треба да работи независно по предметите, а и самото тоа ќе биде предмет на истрага на специјална обвинителка Катица Јанева.

Зврлевски, за жал, не ја научи лекцијата дека важноста на искрената и отворена борба против криминалот и корупцијата е еднаква на важноста на самата држава.

Оттука, ЛДП силно се залага за комплетна и суштинска реформа во целиот правосуден систем, како дел од препораките на Извештајот на Прибе, која исто така ќе го опфати и државното Основно Јавно Обвинителство (ОЈО).

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...