ЛДП: Кожув да се прогласи за заштитено подрачје

На трибината одржана завчера во Гевгелија, “Аргументи  за претсојниот референдум –  против рудниците на планината Кожув“, потпретеседателот на Либерално-демократската партија, Зоран Шапуриќ, помеѓу другото, истакна дека принципите на одржлив развој подразбираат економски развој, кој е целосно усогласен со висок степен на заштита на животната средина и грижа за здравјето на луѓето.

Геолошките истражувања за експлоатација кај месноста Kоњско и Коњска река, на површина од околу 4.000 хектари се вршени во нетранспарентна постапка, без учество на јавноста што е спротивно на Архурската конвенција, која е потпишана и ратифицирана од Република Македонија и спротивна на законодавството на нашата држава. Евентуалната експлоатација на руда на овие локалитети би довела до уништување на големото шумско богатство, до деградација на животната средина и до загрозување на здравјето на граѓаните. Шапуриќ нагласи дека е потребно да се размислува во обратна насока, односно да се отпочне со активности за прогласување на заштитено подрачје на планината Кожув која изобилува со богата флора и фауна, односно со шуми, води,  дивеч и нуди огромни потенцијали за рекреативен и еколошки туризам.

На трибината покрај Зоран Шапуриќ, учествуваа и Пеце Мирчевски од СДСМ и Лијана Поповска од ДОМ.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Динчо Крстев од Босилово – кандидат од ЛДП за советник во општинскиот Совет

ЛДП и во иднина ќе учествува во Советот на Општина Босилово. На кандидатската листа на ...