ЛДП: Власта во заминување да не си игра со егзистенцијата на вработените во „Македонски железници“

Шести ден патничките и товарните возови во Македонија не сообраќаат поради протестот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат исплата на јануарската плата, а штети трпат и патниците и компаниите.

Ова е уште еден доказ како власта во заминување си поигрува со егзистенцијата на вработените во МЖ и воопшто со достоинството на човечкиот капитал во Република Македонија.

Последното случување во „Македонски железници“ е еклатантен пример за тоа како  новите локомотиви, за кои беа платени 25 милиони евра – пари на граѓаните, беа набавени исклучиво за сликање и промоција на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ пред медиумите, без притоа за истите да има инфраструктура која ќе може да ги валоризира нивните перформанси.

Го повикуваме менаџментот на МЖ да се однесува транспарентно и професионално, да не подлегнува на политички притисоци и да најде начин час поскоро го реши проблемот. Пред да замине од премиерската функција, Емил Димитриев да издвои средства од буџетот за покривање на загубите на МЖ и исплата на редовни плати за вработените.

Заврши времето на понижување на работниците и нивниот труд. Човечкиот капитал ќе биде еден од врвните приоритети на новата влада, од која дел ќе биде и ЛДП.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...