Груевски да даде отчет за лажираниот инвестициски бум

Независните новинарските истражувања го разобличија и потврдија популизмот на владеjачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, која цели 10 години предводена од Никола Груевски ги лажеше и замајуваше граѓаните со бум од странски инвестиции и нови работни места.

Најновото истражување на БИРН покажа дека во последните 10 години од помпезно најавуваните 3,8 милијарди евра, инвестирани се само 580 милиони евра. Од најавените  60 000 нови вработувања, реализирани се само 20 000 нови работни места.

Пропаднаа во вода лагите на Груевски дека од Македонија направил одлична бизнис дестинација, со голем економски потенцијал и “сцена за светската бизнис публика“.

Наспроти оваа вистина, власта потроши најмалку 200 милиони евра за привлекување на странски капитал.

Во изминативе 10 години од буџетот на Република Македонија се одвојуваа по 20 милиони евра годишно само на име и на сметка на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и Дирекцијата за трговско-индустриски развојни зони.

Ако се земе предвид дека за одредени странски инвестици се издвојуваа средства и од други институции, како фондовите за здравствено и пензиско осигурување, општините, јавните претпријатија и други, јасно се потврдува дека најавената економската преродба на ВМРО-ДПМНЕ ја чини Македонија повеќе од колку што добила за возврат.

Затоа го повикуваме Груевски и неговиот инвестициски „дрим тим“ да дадат отчет пред македонските граѓани за нереализираниот „инвестициски бум“. Нека одговорат со факти и бројки која е сумата на пари кои ги добила Македонија назад од секое инвестирано евро за привлекување на странски инвестиции?

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Директорот на ДЗИ Станкоски заедно со Министерот Николовски на средба со винарските визби

Директорот на државниот земјоделскиот инспекторат Јане Станкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...