ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа предвесници на овие реформи во државата. Тие се спротивставија на ниско развиената еколошка свест, на недоволната информираност во врска со екологијата и еколошките постапки кои што треба да се преземат и цврсто застанаа против неодговорноста на  сите оние кои сакаа да ја загрозат животна средина и здравјето на граѓаните и зачувување на природните богатства за идните генерации.

Гласајќи против почеток на експлоатација на рудници за злато на планината Кожуф, граѓаните од југот на државата дадоа успешен пример за тоа како треба да се однесуваме сите ние за важни работи витален интерес во нашата заедница.

Либерално-демократската партија искрено им честита на гевгеличани што застанаа во одбрана на еколошката и здрава иднина на своите поколенија.

Тие избраа живот во Гевгелија!

Успешноста на овој референдум ќе биде пример за сите нас во иднина да ставиме акцент на едуцирањето на луѓето во врска со еколошките постапки кои се преземаат во нивните заедници, а кои негативно влијаат врз околината. Сметаме дека сето ова ќе придонесе за почиста средина и поголем развој на државата. Нетранспаретната постапка за време на четиригодишните геолошки испитувања не им попречи на граѓаните да ја покажат висока еколошка свест за развој на користењето на природните богатсва на планината Кожув.

Сега, пред сите нас претстојат долгорочни напорни активности за прогласување на делови од Кожув за еколошки заштитени подрачја, за што ЛДП активно ќе се залага.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Динчо Крстев од Босилово – кандидат од ЛДП за советник во општинскиот Совет

ЛДП и во иднина ќе учествува во Советот на Општина Босилово. На кандидатската листа на ...