ЛДП: Груевски да го врати мандатот и да не помисли да го попречува СЈО

Никола Груевски да го врати мандатот за составување нова влада и да не се надева дека ќе успее да го укине Специјалното јавно обвинителство. Јасно е како ден дека за да се спасат од одговорност, осомничените од ВМРО-ДПМНЕ се подготвени на се’ само за да се осигураат дека СЈО нема да продолжи со работа.

Но, партијата на Али Ахмети веќе знае дека мора да ја искористи шансата и во овој тежок момент за Република Македонија да одигра вистинска државничка улога, а не да се однесува вазалски кон ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем и албанските гласачи јасно и недвосмислено на изборите ја упатија пораката дека коалицијата на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ значи губење на евротланските перспективи на државата, продлабочување на економската криза, како и влошување на меѓуетничките односи и можности за соживот на сите граѓани на државата.

Уште еднаш го повикуваме Груевски да го врати мандатот, со цел брзо да се формира влада на чело со опозицијата, влада која ќе се зафати со реализација на реформските приоритети од Извештајот на Прибе, која ќе го  почитува Договорот од Пржино и нема  да ја попречува работата на СЈО.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП, учесник на Регионалната либерална Академија во Словенија

Изминатиот викенд (од 16 до 18 Јуни 2017 година), во Љубљана, Словенија, се оддржа Регионална ...