ЛДП: Обидот за линчување на пратеници мора да биде најстрого казнет

Либерално-демократската партија упатува честитки до новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и воедно апалираме на итно формирање на реформска влада. Парламентарното мнозинство во овој тежок момент мора да вложи сѐ од себе за нормализирање на состојбите, спроведување и почитување на Уставот и законите, владеењето на правото и правдата, враќање на заробените институциите и правосудниот систем во рамките на законот и правото.

ЛДП воедно остро ги осудува вчерашните насилства во Собранието и бара секој еден што учестуваше во инцидентите да одговара пред законот со име и презиме.

Бараме одговорност од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, но и одговорност од Министерството за внатрешни работи што допушти насилен влез во законодавниот дом, кој треба да биде симбол на демократијата на секоја цивилизирана држава.

Обидот за линчување на пратеници, чинот на заплашување на народот и манипулирање мора да биде најстрого осуден и казнет.  Бараме осуда и одговорност и за нарачателите и за извршителите на овој грозен чин и силен удар врз институциите и демократијата во Република Македонија .

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ, во посета на овластените архитекти и инжинери

На покана на претседателот на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, проф. д-р Миле ...