ЛДП: Честитки за Црна Гора, наредна земја во НАТО да биде Македонија

Либерално-демократската партија го поздравува приемот на Република Црна Гора за полноправен член на НАТО алијансата, со што ќе се стабилноста и безбедноста на регионот.

 

Република Македонија, како држава-рекордер според должината на аспирантскиот статус, со вкупно 17 годишни акциони планови за членство, треба да биде идната членка на алијансата.

 

Претходната влада, на чело со Никола Груевски, не успеа да ги исполни сите реформски императиви на алијансата, го смали буџетот за реформите на одбраната, покажа дискутабилни позиции во поглед на членоството на Република Македонија во НАТО и пермаментна критика на клучните членки на алијансата.

 

Либерално-демократската партија го охрабрува новото парламентарно мнозинство и коалиционата влада, на чело со г-динот Зоран Заев да покаже поголема решителност, почитување и имплементација на Евро-атлантските вредности наместо аморфната, сомнителна и анти-нато позиција, која без резерви ја истакнуваа двоецот Иванов-Груевски.

 

ЛДП во координација со коалиционите партии, ќе преземе бројни иницијативи, со цел да покажеме дека местото на Македонија е во НАТО и дека во најкус временски интервал, идна членка од регионот на Западен Балкан ќе биде токму Македонија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Дејанчо Цветановски, член на ИО на ЛДП, учесник на Регионалната либерална Академија во Словенија

Изминатиот викенд (од 16 до 18 Јуни 2017 година), во Љубљана, Словенија, се оддржа Регионална ...