Потребни се засилени активности на надлежните институции за подобрување на состојбите на патиштата

И покрај тоа што лошите временски состојби, односно снежните врнежи и ниските темератури беа најавени десеттина дена порано, голем дел од патиштата долго време беа непроодни. Големи застои и тешкотии во одвивање на сообраќајот имаше и на меѓународните патни правци на Коридорот 10 и Коридорот 8 и тоа во услови на снежна покривка од десет сантиметри и повеќе.

Дел од патиштата во државата се сеуште непроодни, а забраната за движење на речиси сите патни правци за товарните возила е присутна веќе трет ден. Очигледно дека и покрај предупредувањата надлежните институции не реагираа навремено и соодветно во справувањето со временските сосотојби кои се сосема очекувани за овој период од годината.

Либерално-демократската партија ги повикува сите надлежни институции да ги интензивираат своите активности и да ангажираат дополнителна работна сила и механизација од сите субјекти кои располагаат со истата, со цел да се нормализира состојбата на сите патни правци во државата. Воедно, ЛДП ги повикува и едниците на локалната самоуправа да преземат поинтензивни активности за овозможување на проодност на локалните патишта и улици, како и отстранување на мразот и снегот од јавните површини.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Македонија нема алтернатива за Европската Унија

Денес се навршуваат 60 години од потпишување на Римските спогодби, со кои освен Европската зедница ...