ЛДП: Реформската влада напорно ќе работи за влез во Европското семејство

Република Македонија се враќа на вистинскиот пат за влез во големото Европско семејство. Патот по кој сигурно чекоревме пред 11 години, сега има уште поголемо значење на овој 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Брзата разрешница на политичката криза, формирањето на новата Влада, враќањето на демократските вредности, владеењето на правото, правдата, независноста на судството, слободата на медиумите ќе бидат алфа и омега за новата власта во државата. Само така ќе покажеме дека Република Македонија нема друга алтернатива освен членство во Европската Унија.

Закочените процеси на интеграција на нашата држава кон  ЕУ, додека владееше режимот на ВМРО ДПМНЕ, мора да се откочат и забрзаат, бидејќи идејата за обединета, хумана и демократска Европа, промовирана пред 67 години,  ја покажа својата оправданост.

И покрај низата предизвици, ЕУ ја јакнеше својата економска и политичка кохезија. Резултатите на изборите одржани во повеќе земји, членки на ЕУ, оваа година, јасно ја покажуваат определбата на граѓаните за заедница, заснована на високи демократски вредности и  почитување на економските, политичките и социјалните права на граѓаните.

За Либерално-демократската партија, интеграција на државата во ЕУ отсекогаш била врвен државен и стратешки приоритет. Во новата реформска влада, во која ќе учествува и ЛДП, уште од првиот ден напорно ќе се работи на враќање на државата на патот на прогресивните евроинтеграции. Она што е дамнешен сон за македонските граѓани, наскоро ќе стане и реалност.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...