Воспоставена соработка помеѓу ЛДП и Републиканската народна партија

Денеска во седиштето на ЛДП се одржа заедничка средба помеѓу претставници на ЛДП, Партијата за движење на Турците и Републиканската народна партија од Република Азербејџан.

На средбата беше заклучено дека политичката и економска соработката помеѓу двете држави не е на задоволително ниво и постои потреба од интензивирање на сите активности вклучително и помеѓу политичките партии се со цел унапредување на односите помеѓу Македонија и Азербејџан.

Претседателот на Републиканската народна партија Г-дин Бадрадин Гулиев како поранешен вицепремиер на Азербејџан помеѓу другото истакна дека ќе го вложи целиот свој капацитет и интегритет во насока на постигнувањето на овие заеднички цели.

Од страна на ЛДП беше истакнато дека ќе се поддржат сите проекти кои се во насока на зголемување на економската и културна активност помеѓу двете земји и народи.

На средбата од страна на ЛДП беа присутни, Потпретседателот на ЛДП и пратеник во оставка Горан Милевски, Генералниот секретар и пратеник во оставка Дуфе Кукоски како и членот на Центалниот одбор на ЛДП амбасадор Ѓорѓи Аврамчев. Партијата за движење на Турците беше претставена од нејзиниот претседател Аднан Ќахил и Пратеникот во оставка Енес Ибрахим.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изборно собрание на ОО ЛДП Ресен

Либерално-демократската партија, викендов го одржа изборното собрание на општинската организација на ЛДП во Ресен. Присутните ...