Средба на Дејан Блажески, член на Советот на Општина Охрид од ЛДП-Охрид со Јохана Линдбом, од Комитетот на регионите на ЕУ

dejan_1Охрид е домаќин на 12-тата средба на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија, на кој се разговара за организација на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и Министерството за локална самоуправа.

На состанокот учествува и заменик генералниот секретар на (АЛДЕ) Јохана Линдбом, во својство на член на Комитетот на регионите на Европската унија, која на лична иницијатива оствари двочасовна, неофицијална , работна средба со советникот и претседател на ОО ЛДП-Охрид Дејан Блажевски.

Се разговарало за статусот на процесот на проширување и вклучување на локалните власти како и за фискалната децентрализација. Личната покана за советникот Блажески, била резултат на постојаниот мониторинг на локалните самоуправи од страна на претставниците на ова тело. На средбата било поздравено дејстувањето на советникот и му била изразена поддршка во справувањето со притисоците со кои тој се соочувал во рамки на политичкото делување. Блажески, на средбата ја запознал соговорничката со состојбите и проблемите на градот.

Покрај заменик генералниот секретар на (АЛДЕ), Јохана Линдблоом, на средбата присуствувала и градоначалничката на Општина Трбовље – Словенија, Јасна Габриќ, исто така член на Комитетот на регионите на Европската унија. Заклучоците се однесувале на воспоставување понатамошна постојана комуникација и соработка.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Директорот на ДЗИ Станкоски заедно со Министерот Николовски на средба со винарските визби

Директорот на државниот земјоделскиот инспекторат Јане Станкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...