Средба Милевски – Гончарук

Милевски - ГончарукДенес, претседателот на Либерално-демократската партија и претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Врховната Рада на Украина, Горан Милевски, се сретна со амбасадорот на Украина во Република Македонија, Н.Е. Г-дин Јуриј Гончарук.

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, а со цел меѓусебно запознавање по стапувањето на пратеникот и претседател на ЛДП, Горан Милевски на функцијата претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Украина.

Горан Милевски се заложи за интензивирање на соработката на двата парламенти, при тоа нагласувајќи дека тој, лично ќе се ангажира за ефективно продлабочување на односите и соработката, која во моментот стагнира од разни објективни, но и субјективни причини.

Истовремено, претседателот на ЛДП го информираше амбасадорот за актуелната политичка ситуација во РМ како и за позициите на ЛДП како член на опозицискиот блок во Собранието на РМ. Амбасадорот пак од своја страна информираше за состојбите во Украина. И двацата соговорници се согласија дека односите помеѓу Украина и Македонија се одлични и дека тие треба и понатаму да се негуваат и унапредуваат во духот на пријателство и взаемна почит.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Директорот на ДЗИ Станкоски заедно со Министерот Николовски на средба со винарските визби

Директорот на државниот земјоделскиот инспекторат Јане Станкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...