ЛДП: Средба Павловски- Дефорни

Државниот Секретар во Министерството за Економија, г-динот Зоран Павловски (ЛДП), оствари средба со г-ѓа Ени Дефорни (Anne Defourny), Советник за економија и трговија во Aмбасадата на Кралството Белгија во Република Бугарија, под чија надлежност е и Република Македонија.

На  средбата се разговарало за продлабочување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји, со посебен акцент на мапирањето на секторите во кои белгиските компании можат да вложуваат, како и за влез на белгиски производи на пазарот во Република Македонија.

На средбата e договорено, во блиска иднина, да се одржи бизнис форум во Република Македонија со компании од Кралството Белгија, како и непосредни, “B2B“ средби.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП Штип (Видео): Прес-конференција на ЛДП-Штип за договорот помеѓу Македонија и Грција

Прес-конференција на ЛДП-Штип за договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Со склучениот договор за ...