Средба Тито Петковски и Андреј Жерновски

Денеска во просториите на Нова социјалдемократска партија – НСДП се одржа средба помеѓу претседателот на Нова социјалдемократска партија-НСДП, Тито Петковски и Претседателот на Либерално демократска партија – ЛДП, Андреј Жерновски.

На средбата беа разменети мислења околу актуелната политичка состојба во РМ, за Извештајот за напредокот на РМ на Европската комисија, за начинот на делување на опозициските партии, како и за односот на пратениците на двете политички партии кон Собранието на РМ.

Исто така заеднички е констатирана потребата од многу поблиска соработка меѓу партите од опозицискиот фронт и проширување на опозицискиот блок со нови субјекти.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Прослава по повод 20 годишнината од формирањето на ЛДП

По повод 20 години од формирањето на Либерално-демократската партија, на 19.04.2017 година, во Куманово, се одржа ...