Средба на ЛДП со Иво Вајгел и Кнут Флекенштајн

?

Денеска, делегација на Либерално-демократската партија во состав од Филип Аврамчев и Јасмина Конеска, оствари средба со европратениците Иво Вајгел и Кнут Флекенштајн. За време на средбата, присутните се осврнаа на неколку теми, меѓу кои и договорот од Пржино, како и изборите на 11 декември, кои сите со нетрпение ги очекуваме како разрешница на кризата.

На европратениците им беа презентирани програмските приоритети на ЛДП, економијата, екологијата и човековите права. Сериозна заинтересираност од страна на европратеникот Вајгел имаше околу економската состојба во државата, но сепак главен акцент на средбата се стави на човековите права, како и на правата на маргинализираните заедници.

На средбата присуствуваше и претседателот на “Субверзивен фронт“, здружение за критички пристап кон родот и сексуалноста.

Заеднички заклучок од средбата е дека на Македонија и’ е потребно негување на европските вредности, но и погласен пристап, како и законски измени за спречување на говорот на омраза и насилство од било кој вид – етничко, верско, родово, сексуално итн.

Како претставник на сестринската АЛДЕ партија, Иво Вајгел даде поддршка на ЛДП во промоција на европските вредности и на заложбите на партијата за што поскора евроатлантска интеграција на Македонија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател ...