Tag Archives: ВМРО-ДПМНЕ

Наместо ветените 72 милиони евра, инвеститорот на ВМРО-ДПМНЕ во депонијата Дрисла за 5 години не вложи ниту едно евро  

По 11 години владеење, ВМРО ДПМНЕ конечно се сети на проблемот со управување со отпадот. Покрај ова, не треба да се заборави дека ВМРО ДПМНЕ е на власт долги години и во најголем број на општини. Во Македонија постојат 54 депонии од кои, само една – депонијата Дрисла, покрај Скопје, исполнува мал дел од  предвидените национални стандарди.  Во 2005-та година, ...

Повеќе »

ЛДП: Честитки за Црна Гора, наредна земја во НАТО да биде Македонија

Либерално-демократската партија го поздравува приемот на Република Црна Гора за полноправен член на НАТО алијансата, со што ќе се стабилноста и безбедноста на регионот.   Република Македонија, како држава-рекордер според должината на аспирантскиот статус, со вкупно 17 годишни акциони планови за членство, треба да биде идната членка на алијансата.   Претходната влада, на чело со Никола Груевски, не успеа да ...

Повеќе »

ЛДП: Прво Влада, па законско решение за одржување на локалните избори

Либерално-демократската партија го повикува Ѓорге Иванов да го додели мандатот за составување на нова реформска Влада, а парламентарниот состав на ВМРО-ДПМНЕ да не ги опструира демократските процеси за  формирање на влада. Во овој момент потребно е да се надминат разликите, да се постигне договор за формирање на Влада, за потоа да се определи и датум за одржување на локалните избори. ...

Повеќе »

ЛДП: Реформската влада напорно ќе работи за влез во Европското семејство

Република Македонија се враќа на вистинскиот пат за влез во големото Европско семејство. Патот по кој сигурно чекоревме пред 11 години, сега има уште поголемо значење на овој 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Брзата разрешница на политичката криза, формирањето на новата Влада, враќањето на демократските вредности, владеењето на правото, правдата, независноста на судството, слободата ...

Повеќе »

ЛДП: Македонскиот работник да биде во центарот на вниманието! Честит 1-ви мај!

Либерално-демократската партија им го честита 1-ви Мај на сите граѓани, денот посветен на борбата за унапредување и зачувување на работничките права. За жал, мораме да констатираме дека има многу причини за незадоволство, а речиси ниту една за празнување. Во изминатите 10-тина години владеење на Груевски и ДПМНЕ, достоинството на македонскиот работник е комплетно уништено. Политиките на ДПМНЕ од македонскиот работник ...

Повеќе »

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател на Парламентот со поддршка на мнозинството од демократски избраните пратеници. Вакви чинови на насилство во Парламентот се целосно неприфатливи и со огромно жалење гледав додека демократски избраните народни претставници – пратениците, особено нивните лидери, Зоран Заев и коалицискиот партнер Зијадин Села, беа таргетирани и повредени ...

Повеќе »

ЛДП: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не смее и натаму да биде кочничар на реформите во здравството

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не смее и натаму да биде кочничар на реформите во здравството на штета на здравјето на македонските граѓани. Секојдневните недостатоци на лекови, медицински помагала во болниците и реагенси во лабораториите се рефлектираат на најсуштествените потреби на пацентите. Иако во некои случаи причината е немање на средства, во други – неточни предвидувања на потребите, сепак најчестата причина е доцнењето ...

Повеќе »

Јаневиќ: Избор на претседател на државата со двотретинско мнозинство во Собранието на РМ

Интегрален текст од прес конференција на портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ   ЛДП со голема загриженост го следи продлабочувањето на политичката криза во Македонија. Иванов со недавањето на мандатот за формирање Влада на јасно изразено мнозинство во парламентот се наметна како фактор на нестабилност. Веќе втор мандат Иванов покажува дека не само што не е дораснат на фунцијата претседател, туку ...

Повеќе »

ЛДП: Антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати реалноста

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврди дека е антидржавно par excellence, со тоа што сега една недела го блокира и конституирањето на Собранието на Република Македонија. Никола Груевски треба да сфати дека е опозиција и од тој факт бегање нема. Либерално-демократската партија бара од Груевски да престане да се крие зад бескрајните реплики и контрареплики и на мирен начин да ...

Повеќе »

Касапов: Талески да не се крие, туку да се соочи со лицето на правдата

Денес, СЈО најави дека следните денови за случајот „Транспортер“ ќе биде поднесено обвинение. Тоа значи дека Владимир Талески ќе добие повисок чин и од осомничен ќе биде унапреден во обвинет. Ова е уште еден доказ дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Талески се кријат зад некаква си платформа, со цел да не се соочат со лицето на правдата. Ова е уште ...

Повеќе »