Tag Archives: Горан Милевски

Средба на Милевски со претседателот на Сенатот на Романија, Таричану

Денес, претседателот на комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија и претседател на Либерално-демократската партија (ЛДП), Горан Милевски на маргините на конференцијата “Западен Балкан – интегрален дел од обединета Европа”, оствари средба со претседателот на Сенатот на Романија, Калин Попеску Таричану. На средбата се разговараше за продлабочување на регионалната соработка, потребата од забрзување на процесот на приближување на ...

Повеќе »

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на конференција од ХОПС

Претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, заедно со други пратеници присуствуваше на конференција организирана од страна на ХОПС на тема: “Модели за финансирање на програмите за превенција од ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги”. Конференцијата се одржа во хотелот Холидеј Ин во Скопје и на истата говореа Христијан Јанкуловски извршен директор на ...

Повеќе »

Горан Милевски и Валентин Груевски на отворање на изборни штабови во Битола

Вчера, претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, заедно со носителот на коалициската советничка листа во Битола, Валентин Груевски и идниот градоначалник на Битола, Наташа Петровска, присуствуваа и говореа пред присутните граѓани на отворањето на изборните штабови во местата Буковски ливади и Карпош. Масовната посета на граѓаните ја навестува голема победа на 15-ти октомври во Битола.

Повеќе »

Свечен прием во кристалната сала во собранието по повод Денот на независноста

По повод Денот на независноста на Република Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери организираше свечен прием во кристалната сала на Собранието на РМ на која присуствуваа и претставници на ЛДП меѓу кои претседателот на ЛДП и пратеник, Горан Милевски, министерот и потпретседател на ЛДП, Зоран Шапуриќ, пратениците и директорот на УХМР, Ивица Тодоровски.  

Повеќе »

Одржано изборно собрание на ОО ЛДП Берово

Денес се одржа редовно изборно собрание на ЛДП во Берово. Пред присутните делегати се обрати претседателот на ЛДП, Горан Милевски и пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска. Собранието избра нов општински и надзорен одбор.

Повеќе »

Делегација од ЛДП и АЛДЕ на средба со холандскиот амбасадор Воутер Пломп

Вчера, претседателот на Европските либерали, (Алијанса на либерали и демократи на Европа – АЛДЕ) и пратеник во Европскиот парламент, господинот Ханс Ван Бален, заедно со претседателот на Либерално-демократската партија и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, потпретседателот на ЛДП, минстерот Зоран Шапуриќ и генералниот секретар на Либералната интернационала, Емил Киријас остварија средба со Амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. господинот ...

Повеќе »

Работна средба Милевски – Павловски

Претседателот на комисијата за економски прашања во Собранието на РМ, Горан Милевски денеска оствари работна средба во министерството за економија со државниот секретар, Зоран Павловски. На средбата се разговараше за проектите кои новата влада ќе ги спроведува во областа на туризмот, проект во вредност од 60 милиони денари – безплатен ваучер за граѓани со ниски примања за користење на одмор ...

Повеќе »

Изборно собрание на ОО ЛДП Ресен

Либерално-демократската партија, викендов го одржа изборното собрание на општинската организација на ЛДП во Ресен. Присутните делегати ги поздравија претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, потпретседателот и министер, Зоран Шапуриќ и координаторот на ЛДП, Валентин Груевски. Во очи на локалните избори, за претседател на ОО ЛДП Ресен е избрана Весна Миркова.

Повеќе »

Одржано изборно собрание на ОО ЛДП Пробиштип

Либерално-демократската партија го одржа изборното собрание на општинската организација во Пробиштип. На собранието присуствуваа претседателот на ЛДП, Горан Милевски, пратеничката во Собранието на Република Македонија, Јулиана Николова, координаторот на ЛДП, Марјан Костадинов, како и претседателот на ОО СДСМ – Пробиштип, Драган Анастасов. На собранието избран е нов општински и надзорен одбор на ОО ЛДП Пробиштип, а за претседател е избран ...

Повеќе »