Tag Archives: Европска Унија

Реакција на ЛДП по повод квалификациите на претседателот Иванов на сметка на Германската Амбасадорка во Р. Македонија, Н.Е. Кристин Алтхаузер

Либерално-демократската партија со голема индигнација и срам ги проследи навредите на Претседателот Ѓорѓе Иванов упатени кон Амбасадорот на СР Германија во Р.Македонија, Г-ѓа Кристин Алтхаузер. Во неговото интервју на една од провладините медиуми истакна дека “амбасдорката на Германија испраќала лажни информации за состојбите во РМ“ и дека “нејзиното ниво е навреда за земјата“. ЛДП смета дека ова е прв пат ...

Повеќе »

ЛДП: Македонија нема алтернатива за Европската Унија

Денес се навршуваат 60 години од потпишување на Римските спогодби, со кои освен Европската зедница за јаглен и челик и Евроатом, се основа и Европската економска заедница, која подоцна се трансформира во Европска унија.  И покрај бројните предизвици во овој период, Унијата изразна во силна економска и политичка заедница  на околу 520 милиони граѓани, во која основни вредности се почитувањето ...

Повеќе »

ЛДП: Блокадата на евроинтеграциите е најголемата закана за унитарноста на државата

Либерално-демократската партија стравува и воедно предупредува дека блокирањето на евроинтеграциските процеси се најголемата закана за унитарноста на Република Македонија. Желбата на 75% од граѓаните, Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО, е единствен гарант за унитарноста, стабилноста и економскиот просперитет на сите граѓани. Единствените кои се загрозени од враќањето на владеењето на правото се членовите од врхушката на власт, ...

Повеќе »

ЛДП: Победата на либералната партија во Холандија е победа на концептот за обединета Европа

Либерално-демократската партија на Македонија упатува искрени честитки до Народната партија за слобода и демократија (ВВД), на премиерот Марк Руте, за победата на парламентарните избори во Холандија. Народот на Холандија јасно се определи за победа на демократските сили над популистичките и националистички трендови кои се закануваат на стариот континент. Концептот на обединета и силна Европа е се’ побезбеден! Повторната победа на ...

Повеќе »

Срамната аболиција – тема на средбата меѓу Горан Милевски и Марк Руте, премиер на Кралството Холандија

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, во Леуварден, Холандија оствари средба со премиерот на Кралството Холандија, Марк Руте. Милевски лично го запознал премиерот на Холандија со актуелната состојба во Македонија, политичката и општествена криза која ја продуцира партијата на власт и напорите на опозицијата да се воспостави повторно владеење на правото и враќање на демократијата во државата. Премиерот на Холандија, ...

Повеќе »

ЛДП: Изборите нема да го спасат Груевски од одговорност

Никола Груевски и аболираната врхушка на власт се „подготвени“ да одат на избори за привремено да си ја купат слободата. Оваа авантура на ВМРО-ДПМНЕ, да излезе сама против себе на избори, ќе ги загрози евроатлантските интеграции на Македонија, со голема опасност земјата да биде меѓународно изолирана. Власта, која е синоним за криминал и корупција, токму со неуставната и противправна аболиција ...

Повеќе »

Јаневиќ: Груевски да каже дали прифатил изградба на бегалски кампови во државата?

Интегрален текст од прес-конференцијата на портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ Либерално-демократската партија внимателно ги следи и е длабоко загрижена за актуелните проблеми со бегалската криза во Европа и моменталните случувања во државата. Вознемирува фактот што токму нашата држава се’ почесто се спомнува како своевиден  “бегалски камп”, кој треба да ги сопре бегалците и на тој начин да ги обезбеди границите ...

Повеќе »

ЛДП: Дали скандалот „шише со пари“ е номиниран заедно со Керим за Генерален секретар на ОН

Владата во заминување на Никола Груевски и во изброените денови се обидува да и наштети на државата, на и на онака кревката меѓународна репутација, номинирајќи го Срѓан Керим за позицијата Генерален секретар на ООН. За ЛДП е лицемерно што Груевски се занимава со тривијални работи, отворање на чешми и канализации, а не се обиде да го расчисти скандалот со 750 илјади ...

Повеќе »

Срамна и патолошка реакција на Никола Груевски на крајно сериозниот извештај на Прибе

  Премиерот „хипокрит„ повторно се обидува најдрско да ја манипулира македонската јавност и меѓународната заедница, најавувајќи „План за нови реформи за европска интеграција на Република Македонија“. Ова е уште една срамна и патолошка реакција на Никола Груевски на крајно сериозниот извештај на Рејнхард Прибе. Човекот кој ја има најголемата заслуга што Македонија денес се соочува со срамно губење на препораката ...

Повеќе »

Груевски ќе се соочи со истражните органи, а не со народот

Либерално-демократската партија со големо внимание и загриженост го следи преговарачкиот процес за излез од политичката криза со која се соочува Македонија. По неуспехот на преговорите е сосема јасно дека Груевски и неговата фамилија остануваат единствената пречка за надминување на кризата и враќање на слободата и демократијата во државата. Тоје единствениот виновник и за назадувањето на државата во евроинтегративниот процес и ...

Повеќе »