Tag Archives: избори

ЛДП: Победата на либералната партија во Холандија е победа на концептот за обединета Европа

Либерално-демократската партија на Македонија упатува искрени честитки до Народната партија за слобода и демократија (ВВД), на премиерот Марк Руте, за победата на парламентарните избори во Холандија. Народот на Холандија јасно се определи за победа на демократските сили над популистичките и националистички трендови кои се закануваат на стариот континент. Концептот на обединета и силна Европа е се’ побезбеден! Повторната победа на ...

Повеќе »

ЛДП: Политичките партии да ги тргнат канџите од ДИК

Политичките партии, учесници во изборниот процес да престанат со вршење на притисоци врз работата на Државната изборна комисија. Неприфатливо е било какво мешање во работите на ДИК, дури ниту најмала интервенција врз процедурите на нејзиното одлучување. Членовите на ДИК да не потклекнуваат на политичкото влијание и притисоците, а уште помалку, да не потклекнуваат на пресијата од повикот на одредени партии ...

Повеќе »

ЛДП: Аргировски свесно ги доведува пензионерите во заблуда

Со изјавата за телевизијата 24 Вести, Драги Аргировски го покажа своето вистинско лице, манипулант со што пензионерите ги става во заблуда. Во предизборниот период на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември 2016-та, различни политички партии потпишаа политички коалиции со кои сакаа да стекнат подобри позиции пред гласачкото тело. Во тие моменти, помпезно се појавува и Драги Аргировски, на чело ...

Повеќе »

ЛДП: Независно и ефикасно пензионерско здружување

Либерално-демократската партија се залага за трансформиран и независен субјект на пензионерското здружување.  Да не се случи повеќе еден човек да одлучува во името на сите пензионери. Раководството на Сојузот на пензионерски здруженија на чело со Драги Аргировски, надвор од Законот здруженија, за лични привилегии, во името на сите пензионери потпиша коалиција, партиски пакт, со една политичка партија – ВМРО ДПМНЕ. ...

Повеќе »

Средба на ЛДП со Иво Вајгел и Кнут Флекенштајн

Денеска, делегација на Либерално-демократската партија во состав од Филип Аврамчев и Јасмина Конеска, оствари средба со европратениците Иво Вајгел и Кнут Флекенштајн. За време на средбата, присутните се осврнаа на неколку теми, меѓу кои и договорот од Пржино, како и изборите на 11 декември, кои сите со нетрпение ги очекуваме како разрешница на кризата. На европратениците им беа презентирани програмските ...

Повеќе »

“Твојот глас-твоја иднина“ – проект и конференција на Либерално-демократската младина

Либерално демократската младина во соработка меѓународните партнери на ЛДП и на ЛИДЕМ изминатите три недели беше организатор на проектот “Твојот глас – твоја иднина“. Во рамки на проектот беше спроведена анкета на примерок од 150 испитаници, чија цел беше да се утврди колку младите се активни, односно колку истите учествуваат во процесот на креирање на младински политики, но и колку ...

Повеќе »

Избрани кандидатите за пратеници на ЛДП

Либерално-демократската партија денес, на седницата на Централниот одбор, во демократска атмосфера и со тајно гласање, ги избра кандидатите за пратеници на претстојните вонредни парламентарни избори, закажани за 11-ти декември. Во првата изборна единица, на 12-тото место на коалициските опозициски листи, партијата ја предложи Никица Корубин. Во втората изборна единица, на 17-тото место е претседателот на подмладокот на ЛДП, ЛИДЕМ – ...

Повеќе »

“Еразмус“ ги потврди двојните аршини на македонското правосудство

Либерално-демократската партија јавно го повикува македонското правосудство, правдата и законите да ги применува подеднакво за сите. Случајот „Еразмус“ ги потврди двојните аршини на македонското правосудство. По барање на Јавното обвинителство, Кривичниот суд, Скопје денеска донесе одлука да им забрани на четворица осомничени професори од Економскиот факултет да продолжат да предаваат. Прашуваме, во што е разликата со осомничените политичари од власта, ...

Повеќе »

Груевски: Итна оставка на Талески и избори за нов градоначалник на 11 декември!

Интегрален текст од прес конференцијата на членот на ИО на ЛДП и советник во општина Битола, Валентин Груевски Битола во овој момент нормално не функционира, Битола се мачи, Битола дише на жабри.  Градоначалникот е во притвор веќе трет месец, и никој не знае до кога тоа ќе трае. На почетокот на школската година нема кој да распише тендер за превоз ...

Повеќе »

ЛДП: Изборите нема да го спасат Груевски од одговорност

Никола Груевски и аболираната врхушка на власт се „подготвени“ да одат на избори за привремено да си ја купат слободата. Оваа авантура на ВМРО-ДПМНЕ, да излезе сама против себе на избори, ќе ги загрози евроатлантските интеграции на Македонија, со голема опасност земјата да биде меѓународно изолирана. Власта, која е синоним за криминал и корупција, токму со неуставната и противправна аболиција ...

Повеќе »