Tag Archives: локални избори

Во Битола, средба на Петровска и Груевски со претставници на угостителите

Денес кандидатот за градоначалник на Битола, Наташа Петровска и носителот на листа за советници, Валентин Груевски остварија средба со претставници на угостителите во Битола. Кандидатите ги слушнаа нивните проблеми и предлози и во конструктивна атмосфера, понудија размисли за решавање на истите, оние кои се во надлежност на локалната самоуправа.

Повеќе »

Формиран Централниот изборен штаб на ЛДП

Либерално-демократската партија го формираше Централниот Изборен Штаб (ЦИШ), на чие чело е генералниот секретар на партијата, Дуфе Кукоски. Заменик шеф на штаб е претседателот на ЛИДЕМ, Стефан Миноски, а секретар е Соња Николовска. За логистика во ЦИШ одговорен е Стефан Спасиќ, секретар на ЛИДЕМ, аналитика и информатика ќе води членот на ИО на ЛДП, Ивица Тодоровски. За правните работи надлежна ...

Повеќе »

ЛДП со Ана Савеска на коалициската советничка листа во Кичево

Објавена листата за советници на коалицијата во Кичево. ЛДП во Советот на Општина Кичево во идниот состав ќе ја застапува секретарот на општинската организација и член на Форумот на жени, Ана Савеска. На листата се наоѓа и членот на извршниот одбор на ОО ЛДП Кичево, Симчо Дејаноски.

Повеќе »

Дени Богатинов е кандидадот за советник од ЛДП во Кочани

Викендов, во Кочани пред граѓаните претставена е листата за советници на победничката коалиција. ЛДП во Кочани преку Дени Богатинов по подолго време ќе добие свој претставник во локалниот совет. Со ова младите од ЛДП добиваат шанса да ги спроведат своите идеи и визии за подобар живот на сите граѓани.

Повеќе »

Претставнички од Форумот на жени на ЛДП на семинар за подготовка на локалните избори

Соња Николовска и Цветанка Петрова од Форумот на жени на ЛДП, овој викенд присуствуваа на семинар за подготовка на локални избори и управување на локално ниво, во Охрид. Со разни предавања од оние кои се директно вклучени во изборниот процес, поранешни и актуелни пратенички и функционери, како и претставници од НВО секторот, жените – претставнички од политичките партии разменија искуства ...

Повеќе »

Семинар на ЛИДЕМ – подготовки за претстојните локални избори

Изминатиот викенд, членовите на Либерално-демократската младина (ЛИДЕМ) заедно со Хрватската сестринска партија ХНС (HNS – Hrvatska Narodna Stranka – liberalni demokrati), поддржани од фондацијата Фридрих Науман, одржаа семинар во хотелот Метропол во Охрид. Предавачот на семинарот, Иван Бедњаниќ Буниќ, секретар на младите на ХНС, заедно со ЛИДЕМ споделуваа и разменуваа искуства и пракси, токму пред одржувањето на локалните избори, закажани ...

Повеќе »

Изборно собрание на ОО ЛДП Ресен

Либерално-демократската партија, викендов го одржа изборното собрание на општинската организација на ЛДП во Ресен. Присутните делегати ги поздравија претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, потпретседателот и министер, Зоран Шапуриќ и координаторот на ЛДП, Валентин Груевски. Во очи на локалните избори, за претседател на ОО ЛДП Ресен е избрана Весна Миркова.

Повеќе »