Tag Archives: Никола Груевски

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател на Парламентот со поддршка на мнозинството од демократски избраните пратеници. Вакви чинови на насилство во Парламентот се целосно неприфатливи и со огромно жалење гледав додека демократски избраните народни претставници – пратениците, особено нивните лидери, Зоран Заев и коалицискиот партнер Зијадин Села, беа таргетирани и повредени ...

Повеќе »

ЛДП: Обидот за линчување на пратеници мора да биде најстрого казнет

Либерално-демократската партија упатува честитки до новоизбраниот претседател на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери и воедно апалираме на итно формирање на реформска влада. Парламентарното мнозинство во овој тежок момент мора да вложи сѐ од себе за нормализирање на состојбите, спроведување и почитување на Уставот и законите, владеењето на правото и правдата, враќање на заробените институциите и правосудниот систем во рамките ...

Повеќе »

Јаневиќ: Избор на претседател на државата со двотретинско мнозинство во Собранието на РМ

Интегрален текст од прес конференција на портпаролот на ЛДП, Филип Јаневиќ   ЛДП со голема загриженост го следи продлабочувањето на политичката криза во Македонија. Иванов со недавањето на мандатот за формирање Влада на јасно изразено мнозинство во парламентот се наметна како фактор на нестабилност. Веќе втор мандат Иванов покажува дека не само што не е дораснат на фунцијата претседател, туку ...

Повеќе »

ЛДП: Антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати реалноста

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврди дека е антидржавно par excellence, со тоа што сега една недела го блокира и конституирањето на Собранието на Република Македонија. Никола Груевски треба да сфати дека е опозиција и од тој факт бегање нема. Либерално-демократската партија бара од Груевски да престане да се крие зад бескрајните реплики и контрареплики и на мирен начин да ...

Повеќе »

ЛДП: Блокадата на евроинтеграциите е најголемата закана за унитарноста на државата

Либерално-демократската партија стравува и воедно предупредува дека блокирањето на евроинтеграциските процеси се најголемата закана за унитарноста на Република Македонија. Желбата на 75% од граѓаните, Македонија да биде членка на ЕУ и НАТО, е единствен гарант за унитарноста, стабилноста и економскиот просперитет на сите граѓани. Единствените кои се загрозени од враќањето на владеењето на правото се членовите од врхушката на власт, ...

Повеќе »

Марко Зврлевски – последниот бастион на режимот на Груевски

Првиот човек на Основното јавно обвинителство на Македонија, Марко Зврлевски, уште еднаш потврди дека е последното упориште на режимот на Никола Груевски. Јавниот обвинител, по којзнае кој пат, длабоко заглавен во политиките на ВМРО-ДПМНЕ, се реши парцијално и еднодимензионално да води истраги за криминал, корупција и изборни измами и тоа само во градовите Скопје, Струмица и Куманово. По овој чин, ...

Повеќе »

ЛДП: Власта во заминување  ја „промовира“ државата по отровот што го дишеме

Власта во заминување, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на сите нас, ја „промовира“ државата во светот и по отровот што го дишеме. Трите најголеми града во Македонија, Скопје, Битола и Тетово, ги полнат весниците и научните списанија низ светот токму поради енормно загадениот воздух кој, за жал, секојдневно го дишеме ние и нашите сограѓани. Последното научно истражување што го пренесува ...

Повеќе »

ЛДП: Политичкиот пион Иванов да не си игра со интегритетот на пратениците

Политичкиот пион, Ѓорге Иванов, од позиција на Претседател на Македонија, уште еднаш покажа и докаже дека со леснотија може да ги пречекори своите овластувања и да поставува услови за формирање на Влада од страна на опозицијата. Само човек кој е вовлечен длабоко во шинелот на режимот и е слеп послушник на Никола Груевски, може да реди скандали како бисери, при ...

Повеќе »

Mилевски: Коалицијата “За живот во Македонија“да формира нова влада

Интегрален текст од прес-конференцијата на претседателот на ЛДП, Горан Милевски   Коалицијата „За живот во Македонија“, е таа што заслужува да формира нова Влада во Македонија. Таква е волјата на над 612.000  граѓани на Р.Македонија, кои избраа промени и крај на режимот на Никола Груевски и неговата Влада. Се докажа дека Груевски  не може да формира Влада! Граѓаните од сите ...

Повеќе »

Груевски да даде отчет за лажираниот инвестициски бум

Независните новинарските истражувања го разобличија и потврдија популизмот на владеjачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, која цели 10 години предводена од Никола Груевски ги лажеше и замајуваше граѓаните со бум од странски инвестиции и нови работни места. Најновото истражување на БИРН покажа дека во последните 10 години од помпезно најавуваните 3,8 милијарди евра, инвестирани се само 580 милиони евра. Од најавените  60 000 ...

Повеќе »