Tag Archives: скопје

Зоран Павловски на отворање на ликовните колонии “Карпино 2016“ и “Куманово 2016“

Минатата недела, членот на Извршниот одбор на ЛДП и раководител на интернационалните ликовни колонии “Карпино 2016“ и “Куманово 2016“, присуствуваше на отворањето на изложбите на насликаните дела. Заедно со историчарката на уметноста, Виолета Калиќ и Драгана Спасковска, кустос од Музејот во Куманово, Павловски и останатите присутни уживаа во изложените 22 дела од уметници, академски сликари и скулптори од Македонија, Бугарија, ...

Повеќе »

Форумот на жени на ЛДП го честита интернационалниот ден на жената, 8ми Март

Денес, заедно со жените од целиот свет, ги прославуваме постигнувањата во унапредувањето на женските права и ја истакнуваме нашата борба за родова еднаквост. Остануваме посветени на намалувањето на родовиот јаз во општеството и истакнуваме дека родовата еднаквост еден од најважните економски и социјални приоритети на Република Македонија. Ратификација на Истанбулската конвенција, безбедноста од родово базирано насилство, финансиска и економска сигурност, ...

Повеќе »

ЛДП: Срамен однос на Груевски кон премиерот на Република Македонија

Либерално-демократската партија изразува длабока загриженост поради големиот број на човечки жртви и причинетата материјална штета од невремето кое ја зафати Македонија и искрено сочувствува со семејствата на загинатите граѓани. Скопските општински организации и членовите на ЛДП активно се вклучени во сите граѓански хуманитарни акции кои се случуваат за помош на населението зафатено од поплавите. Истовремено, ЛДП е разочарана од односот ...

Повеќе »

ЛДП: Итен прекин на безмилосното уништување на зеленилото

Продолжува уништувањето на зелените површини во Скопје. Ова е веќе редовна појава и тоа во услови кога загадувањето на воздухот достигнува драматично високо ниво,  поради што Скопје е најзагаден главен град во Европа. Концентрацијата на ПМ 10 честички, како и на ПМ 2,5 честички, околу 200 дена во градот е над дозволеното ниво, а честопати и повеќе од 5 пати ...

Повеќе »

Шапуриќ: Спречување на неодржива градба и поевтинување на парното греење за почист воздух во Скопје

На последната седница на Советот на град Скопје, во рамките на дискусијата за  Информацијата за мерките за мерките што треба да ги преземе градот Скопје за справување со енормното загадување на воздухот во Скопје, поднесена по барање на совтеничката група на Сојзот за иднината, во својата дискусија помеѓу другото, советникот од ЛДП, Зоран Шапуриќ, нагласи дека неодрживата градба во Скопје ...

Повеќе »

ЛДП: Министерот Изаири си поигрува со аерозагадувањето!?

Либерално-демократската партија бара одговор од министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, по кои критериуми и проценки избрал да ги испитува причините за аерозагадувањето само во градовите Тетово и Скопје. Како партија на која врвен приоритет и’ е здравата животна средина за граѓаните на Република Македонија, е неприфатливо парцијалното и дискриминирачко однесување на Министерството за животна средина, кое ...

Повеќе »

ЛИДЕМ: Крај на очајните и субстандарни услови во студентските домови!

  Мора да се стави крај на очајните и субстандардните услови во студентските домови. Затоа, Либерално-демократската младина сака да го праша директорот на студенскиот дом Гоце Делчев: Колку млади треба да се иселат од државава за да започне елементарно средување на овој и другите студентски домови? Како може во една вечер да бидат поставени 40 споменици, а толку долго да ...

Повеќе »

ЛДП: Новата зграда на ЈП “Водовод и канализација“ премногу ги чини граѓаните

Веќе четири дена се создаваат огромни гужви пред шалтерите за наплата на Јавното препријатије “Водовод и канализација“ Скопје. Граѓаните нервозни чекаат во редици и повеќе од пет часа да дојдат на ред до шалтерите  и  да приговорат  на неосновано поднесени тужби, решенија за извршување  и опомени, кои се резултат на  неорганизираното и хаотичното работење на Јавното препријатије. Скопјани реагираат дека ...

Повеќе »

Општина Центар испраќа 800.000 денари помош за поплавените подрачја

Општина Центар од буџетот за 2015 година одвои 800.000 денари за санирање на последиците, како директна помош за поплавените подрачја, информира општинската администрација. Средствата се од делот на буџетот наменет за елементарни непогоди. Извор: plusinfo.mk

Повеќе »