Tag Archives: советник

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана Наташа Глигороска. Од победничката листа за советници во Струга се очекува да донесе промени и развој и во овој наш град.

Повеќе »

Ѓоко Танев е кандидат за советник во Советот на Демир Капија

На добитното четврто место на кандидатската листа за советници во Демир Капија се наоѓа членот на ЛДП, Ѓоко Танев. Со оваа кандидатура по долг временски период, ЛДП ќе има свој претставник и во Советот на Општина Демир Капија.

Повеќе »

Тихомир Ручкоманов од ЛДП во Советот на Општина Гевгелија

Претседателот на општинската организација на ЛДП Гевгелија, Тихомир Ручкоманов ќе биде идниот советник во Советот на Општина Гевгелија. Тој се наоѓа на високото трето место на победничката советничка листа на коалицијата која ќе донесе живот за сите во Гевгелија.

Повеќе »

Горан Ајтарски од ЛДП во Советот на Пехчево

Во Пехчево на кандидатската листа за советници, на високо трето место се наоѓа претседателот на општинската организација на ЛДП во овој град, Горан Ајтарски. Со ова ЛДП по подолго време ќе има свој претставник во локалниот совет на Пехчево и преку него ќе може да ги реализира програмските определби на партијата.

Повеќе »

ЛДП со Даниела Кржоска во Советот на Берово

Даниела Кржовска, членка на Форумот на жени ќе биде новата советничка на ЛДП во Советот на Општина Берово. Г-ѓата Кржовска се наоѓа на четвртото место на победничката листа на коалицијата која ќе донесе живот за сите во Берово.

Повеќе »

Динчо Крстев од Босилово – кандидат од ЛДП за советник во општинскиот Совет

ЛДП и во иднина ќе учествува во Советот на Општина Босилово. На кандидатската листа на победничката коалиција на високото второ место ќе биде Динчо Крстев кој е актуелен претседател на општинската организација на ЛДП во Босилово. Г-динот Крстев е професор по стручни предмети во средното општинско училиште “Димитар Влахов” во Струмица. Во прилог ви ја презентираме целосната листа со кандидати ...

Повеќе »

ЛДП во Свети Николе со Штерјо Ѓоргиев – претседател на ОО ЛДП Св. Николе

Претседателот на општинската организација на ЛДП од Свети Николе, Штерјо Ѓоргиев се наоѓа на високото трето место на советничката листа на победничката коалиција. Преку г-динот Ѓоргиев, ЛДП по подолго време повторно ќе се врати во локалниот Совет во Свети Николе со што ќе се овозможи во пракса да се реализираат идеите и заложбите на либерално-демократската идеологија во служба на граѓаните ...

Повеќе »

Тони Стојановски, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Пробиштип

Тони Стојановски, претседателот на општинската организација на ЛДП од Пробиштип е кандидатот за советник на добитното 5-то место на листа за советници на победничката коалиција. Со неговиот избор, ЛДП во Пробиштип повторно ќе добие свој претставник во локалниот совет а Стојановски со своето искуство и знаење ќе допринесе да се подобрат условите за живот за сите во Општина Пробиштип.

Повеќе »

Горан Милевски и Валентин Груевски на отворање на изборни штабови во Битола

Вчера, претседателот на ЛДП и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, заедно со носителот на коалициската советничка листа во Битола, Валентин Груевски и идниот градоначалник на Битола, Наташа Петровска, присуствуваа и говореа пред присутните граѓани на отворањето на изборните штабови во местата Буковски ливади и Карпош. Масовната посета на граѓаните ја навестува голема победа на 15-ти октомври во Битола.

Повеќе »