Tag Archives: форум на жени

Форум на жени на ЛДП на семинар за зајакнување на либералните политики во државата

Форумот на жени при Либерално-демократската партија, овој викенд, од 7ми до 9-ти јули, со поддршка на германската фондација “Фридрих Науман“, одржа семинар насловен како  „Зајакнување на либералните политики во Македонија“. На семинарот учествуваа членките на форумот од повеќе општински организации во Македонија. Во рамки на темите на семинарот посебен акцент беше ставен на актуелната политичка состојба во државата, улогата на ...

Повеќе »

Форумот на жени на ЛДП го честита интернационалниот ден на жената, 8ми Март

Денес, заедно со жените од целиот свет, ги прославуваме постигнувањата во унапредувањето на женските права и ја истакнуваме нашата борба за родова еднаквост. Остануваме посветени на намалувањето на родовиот јаз во општеството и истакнуваме дека родовата еднаквост еден од најважните економски и социјални приоритети на Република Македонија. Ратификација на Истанбулската конвенција, безбедноста од родово базирано насилство, финансиска и економска сигурност, ...

Повеќе »

Форумот на жени на ЛДП на меѓународна академија во Блед, Словенија

Во Блед, Словенија, од 3-ти до 6-ти ноември 2016 година, се одржа четвртата регионална лидерска академија за Либерални жени од југоисточна Европа. Целта на настанот беше да се поттикнат жените активистки и претставнички од либералните политички партии од југоисточна Европа на поактивно учество во избори и кампањите. Учесничките се обучуваа за процесот на номинирање и одбирање кандидати за изборите, што ...

Повеќе »

Ѓошевска: Од 11-ти декември, подобрена улога на жената во општеството

Форумот на жени на ЛДП во новата влада после 11-ти декември  ќе ги има следните приоритети. – Активна улога на жената во борбата против семејното насилство, и усвојување на Конвенцијата за борба на жената против семејното насилство. –  Намалување на родовата нееднаквост на сите полиња, вклучувајќи ја  и потполната еднаквост во парламентот и владата на Република Македонија. – Поголема заштита ...

Повеќе »

ЛДП: Силна поддршка во борбата против ракот на дојката

Ракот на дојката е болест од која се загрозени многу луѓе и заедно со поддршката на своите најблиски, секојдневно се борат со последиците од неа. Со цел да упатиме порака на безрезервна поддршка на сите храбри жени кои ја водат својата борба со оваа болест и нивните семејства, да искажеме почит кон лекарите и професионалците посветени на овој проблем, да ...

Повеќе »

ЛДП: Поддршка за ратификување на Инстанбулската конвенција        

Проблемот со насилството врз жените и семејното насилство е голем општествен проблем. За Либерално-демократската партија, спречувањето и заштитата од различните форми на насилство врз жените е приоритетно прашање. Затоа, ја поддржуваме иницијативата на Националата мрежа против насилство врз жените и семејното насилство за Ратификација на Истанбулската конвенција како досега најсеопфатен документ кој го регулира овој проблем. За таа цел, вчера ...

Повеќе »

ЛДП на конференција за родова еднаквост во седиштето на ООН во Њу Јорк

Секоја година Комисијата за статусот на жените во рамките на Обединетите Нации, одржува конференција на која се утврдува напредокот во родовата еднаквост и зајакнувањето на жените, се идентификуваат предизвиците и се промовираат нови политики. Оваа година од 14-ти до 24-ти март се одржува 60-тата конференција на тема „Зајакнување на жените и поврзаноста со одржливиот развој“. На конференцијата, како претставник од ...

Повеќе »

Николова: Стоп за насилството врз жените и ратификација на Истанбулската конвенција

Интегрален текст од изјавата на претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Јулиана Николова   Ден по завршувањето на кампањата „шеснаесет дена активности“ против родово базирано насилство, Форумот на жени  на ЛДП ги заокружува и своите активности во насока на подигнување на свеста за решавање на овој проблем како и негово правилно третирање и најавува и дека продолжува и понатаму ...

Повеќе »

Форум на жени на ЛДП: Се придружуваме кон иницијатива за 40% учество на жените во политиката

Форумот на жени при Либерално-Демократската Партија ја поздравува и се придружува кон иницијативата за 40% учество на жената во политиката. Иницијативата ја гледаме како одраз на потребата на македонското општество за споделување и развој на севкупните демократски стандарди на толеранција, јакнење на довербата и изградба на трајни вредносни системи. Сакаме да потенцираме дека не постои одржлива демократија без реална партиципација ...

Повеќе »

Форум на жени на ЛДП: Сочувствуваме со трагедијата на починатата родилка од Тетово

Форумот на жени при Либерално-демократската партија изразува длабоко сочувство до семејството на починатата родилка од Тетово. Целосно е неприфатливо во денешни услови, еден детски живот да започне без да ја почувствува мајчинската прегратка. Крајно нехумано и срамно е да згасне животот на една млада жена поради незнаење, лоши услови и грешки во здравствениот систем. Лицемерен би бил било каков изговор, бидејќи ...

Повеќе »