Tag Archives: Ханс Ван Баален

Делегација од ЛДП и АЛДЕ на средба со холандскиот амбасадор Воутер Пломп

Вчера, претседателот на Европските либерали, (Алијанса на либерали и демократи на Европа – АЛДЕ) и пратеник во Европскиот парламент, господинот Ханс Ван Бален, заедно со претседателот на Либерално-демократската партија и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, потпретседателот на ЛДП, минстерот Зоран Шапуриќ и генералниот секретар на Либералната интернационала, Емил Киријас остварија средба со Амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. господинот ...

Повеќе »

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател на Парламентот со поддршка на мнозинството од демократски избраните пратеници. Вакви чинови на насилство во Парламентот се целосно неприфатливи и со огромно жалење гледав додека демократски избраните народни претставници – пратениците, особено нивните лидери, Зоран Заев и коалицискиот партнер Зијадин Села, беа таргетирани и повредени ...

Повеќе »

Милевски: Иванов е најдобар кога молчи  

Либерално-демократската партија синоќа во објектот на Македонската опера и балет ја одржа својата програмска конвенција. Во преполнетата сала на МОБ, во пресрет на вонредните парламентарни избори партијата ја презентираше својата програма. Пред присутните се обратија Даниел Кадик, директор на германската фондација Фридрих Науман за југоисточна Европа и господинот Ханс ван Баален, европратеник и претседател на АЛДЕ – Европската алијанса на ...

Повеќе »

Делегација од ЛДП на конгресот на Европските либерал-демократи во Будимпешта

Делегацијата на Либерално демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, учествува на конгресот на АЛДЕ – Алијанса на либерални демократи во Европа, што се одржува во Будимпешта од 19 – 21 ноември. На маргините на конгресот, претседателот Милевски оствари бројни билатерални средби,  помеѓу кои и со пратеникот во Европскиот парламент, Ханс ван Баален, кој на овој конгрес е  кандидат за ...

Повеќе »

Целосно спроведување на Договорот од Пржино, јасна порака на европските Либерали

Вчера и денес во Европскиот Парламент се одржа тркалезна маса на високо ниво за земјите од Западен Балкан, во организација на АЛДЕ групата, на која беа поканети претседателите на Либералните партии од западниот Балкан. На тркалезната маса присуствуваше и претседателот на ЛДП, Горан Милевски, кој беше придружуван од Владимир Кировски, претседател на Советот за меѓународна соработка на ЛДП. На самата ...

Повеќе »

ЛДП на 25-годишнината од работењето на фондацијата Фридрих Науман во Софија

Делегација од Либерално-демократската партија, предводена од претседателот на ЛДП, Горан Милевски, престојува во Софија, Р. Бугарија на собир на либералите од југоисточна Европа, која е дел од прославата на 25-годишнината од работењето на германската фондација за слобода, “Friedrich Naumann Foundation”. Меѓу присутните учесници на конференцијата се и претседателот и генералниот секретар на Либералната интернационала, Џули Миновес и Емил Кирјас, претседателот и ...

Повеќе »

Реакција за нападите врз европратеникот од АЛДЕ групата, Ханс ван Бaален

Либерално-демократската партија ги отфрла тврдењата на провладините “експерти“, кои имаат за цел да го оцрнат европратеникот, Ханс ван Баален. “Експертите“, како вистински граѓани на оваа држава, би требало да побараат одговорност од владата за незаконското прислушување на над 26.000 граѓани и да покажат почит, наместо девалвирања, кон европските пријатели на Македонија. Холандскиот европратеник, Јоханес Корнелиус Ван Баален, во повеќе наврати ...

Повеќе »

Милевски и Ван Баален во посета на Бигорскиот манастир

Денеска, почесниот претседател на Либералната Интернационала и заменик-претседател на Партијата на Европски Либерали и Демократи во Европскиот парламент, г-динот Ханс Ван Баален, во текот на неговиот одмор во Македонија, заедно со неговата фамилија беше во посета на манастирот Св. Јован Бигорски и оствари средба со архимандрит Партение, намесник на Бигорскиот манастир. На средбата присувствуваше и претседателот на ЛДП, Горан Милевски и ...

Повеќе »