Насмевка за борба против климатските промени и поздрава животна средина.
Во рамки на Самитот на Алијансата за неа со мојата пријателка Ромина Пурмохтари министерката за клима и животна средина во Шведска, разговаравме за предизвикот со климатските промени.
Разменивме мислење за формирање и работа на Совет за климатски политики, како независен научен совет со задача да процени дали севкупната политика на Владата е компатибилна со климатските цели.
Климатските промени предизвикани од емисијата на јаглерод диоксид и други стакленички гасови се еден од најважните глобални еколошки проблеми денес.
Шведската влада постави амбициозни цели за одржливост, вклучително и целосно ослободување од фосили до 2045 година и 100 отсто обновлива енергија.
Македонија во 2023 година бележи раст на инвестициите во обновливи извори на енергија.
Воедно во тек е процес за носење на Законот за климатска акција со кој се предвидуваат механизми за намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата и отстранување по пат на природни и други апсорбенти, како и адаптација кон климатските промени.
Ја поканив Ромина во Македонија со цел да ја зацврстиме соработката во полето на животната средина и климатски промени со можност како земја да го примениме примерот на Шведска.
.

Recommended Posts

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *