Милевски со сочувство до Амбасадорката на Франција, Лоренс Оер

CTwfodOW4AAWc7BПретседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски, испрати телеграма  сочувство до Амбасадорката на Република Франција во Р. Македонија, Н.Е. Лоренс Оер.

“Дозволете ми, во мое лично име и во име на Либерално-демократската партија да го изразам моето најдлабоко жалење до семејствата на жртвите од овие подли терористички напади врз Француската Република и нејзините граѓани“, вели во телеграмата Милевски.

Граѓаните на Македонија, додава Милевски, се вџашени и згрозени од страшните терористички напади врз Франција и врз се’ за она за што Франција се залага како држава.

“Во овие трагични моменти, како за Вашата земја, така и за целата слободна, демократска Европа, сакам да Ве осигурам дека граѓаните на Македонија ќе стојат рамо до рамо во борбата против тероризмот. Додека заедно се бориме во име на заштитата на Европските демократски вредности, секогаш треба заедно да ја примениме легендарната максима на Француската Република: liberte, egalite, fraternite“, порачува Милевски во својата телеграма.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...