Тренинг на претставниците на локалните организации за зајакнување и позиционирање на капацитетите на ЛиДеМ

На 03-05 ви октомври ЛиДеМ помогнат од фондацијата Фридрих Науман одржа семинар во Кичево
На овој семинар младите либералдемократи имаа можност да ги споделат своите искуства за работата на ЛиДеМ.
Семинарот го отвори Петја Дјулгерова, член на проектот на фондацијата Фридрих Науман за Бугарија и Романија.
Професор Д-р Игор Јованоски имаше излагање за значењето на мултикултурализмот за Република Македонија.
Професор Д-р Зоран Шапуриќ, претседател на Градската организација на ЛДП и советник во Советот на град Скопје, имаше излагање на тема ,, Како да се привлечат младите да станат членови и приврзаници на ЛиДеМ (Можности за привлекување на нови членови, зајакнување на Либералниот Профил и зголемување на Политичкото влијание).
Се отвори интерактивна дискусија во однос на овие теми каде што секој имаше можност да го каже своето мислење.

slika1_Kicevo  slika3_Kicevo

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Прослава по повод 20 годишнината од формирањето на ЛДП

По повод 20 години од формирањето на Либерално-демократската партија, на 19.04.2017 година, во Куманово, се одржа ...