ЛДП: Катица Јанева ќе мора да го разобличи и изборниот криминал во Битола

Специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева, ќе мора да го разобличи и изборниот криминал во Битола за кражбата на гласовите на последните парламентарни избори, за што постојат аудиоснимки  во „бомбите“ на опозицијата. Ова од Битола го порача претседателот на ЛДП, Горан Милевски, на синоќешната втора трибина од серијалот „Македонија после Груевизмот – Либерални решенија“.
Милевски рече дека погубните политики на власта го омасовија иселувањето на битолчани и го преполовија бројот на жители во градот. Но, парадоксот на власта е јасно отсликан  во изборните кражби.

“Иселувањето ја донесе Битола до фрапантната бројка од 55 000 жители, а на последните избори гласале дури 53.000 гласачи, па отаму  прашувам дали на изборите организирани од ВМРО-ДПМНЕ „гласале“ и иселените и мртвите.  Како е можно да има гласачи колку што има жители во Битола? Сите жители во градот се гласачи, дури и децата? Тоа значи дека се работи за механички изборен инженеринг во гласањето“, рече Милевски и најави дека од специјалниот обвинител ќе бара истрага за случајот во селото Кравари, каде од аудиоснимките се слушна дека дваесеттина жители гласале во ист ден на две изборачки места и во селото и во населбата Јени Маале.

Либералдемократите понудија низа решенија за стопирање на трендот на иселување од државата и враќање на иселениците назат. ЛДП предлага секоја година од буџетот да се издвојуваат 30 милиони евра за малите и средни бизниси, формирање на фонд за ликвидност на малите и средни претпријатија, како и укинување на фирмарината и годишните давачки по 60 евра за фискалните каси.

“Станува збор за 40 000 илјади активни претпријатија во Р. Македонија коишто влегуваат во оваа категорија. Овој државен фонд ќе биде со почетна  висина од 10 милиони евра , чија основна задача ќе биде ефикасно преземање на долгувањата кон микро и малите бизниси. Преземањето на долговите од страна на овој фонд нема да биде  подолго од 120 дена“, рече Јован Манасијевски, поранешен министер за труд и социјална политика на трибината во Битола.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Колумна на потпретседателот на ЛДП, Проф. Д-р Зоран Шапуриќ за porta3.mk: На патот кон еколошка држава

Почетокот на шесеттите години од минатиот век е обележан со јакнење на свеста за потребите ...