Негрижата на власта ја издигна Македонија на листата најзагадени држави во светот

Flaer - tribina BitolaАлармантаната загаденост на амбиенталниот воздух во Македонија повторно го заслужува епитетот смртоносен. Негрижата на власта ја издигна Македонија на врвот на црната листа на најзагадени држави во светот.

Посебно e критична ситуацијата со суспендираните ПМ10 честички, кои се директен предизвикувач на респираторни болести и канцер кај децата и возрасните. Тоа е данокот што го плаќаат граѓаните и за урбанистичкиот хаос, уништувањето на зелените површини во градовите, за големиот број увезени стари автомобили, но и за греењето на домаќинствата и институциите на дрва и нафта.

Милионите евра вложени во „Скопје  2014“ требаше да се наменат за гасификација на целата територија на Р. Македонија и за вградување на еколошки стандарди на големите загадувачи, РЕК-Битола, Југохром , Окта и ним сличните. Инвестициите требаше да се насочат во обновливи извори на енергија и чисти води.

Каков живот ќе живееме, зависи од сите нас!

Токму ова ќе бидат дел од темите на втората по ред трибина на Либерално-демократската партија, која ќе биде втора од серијата “Македонија после Груевизмот – Либерални решенија“, која ќе се одржи во Битола на 5-ти ноември, во 19:00 часот, во големата сала на хотел “Епинал“. На трибината за загадувањето и последиците по здравјето на граѓаните, како и за мерките за подобрување на здравата животна средина ќе се обратат универзитетските професори Зоран Шапуриќ, поранешен министер за животна средина и просторно планирање и Никола Пановски. За економијата и актуелната општествена и политичка состојба во државата ќе говорат Јован Манасијевски, поранешен министер за труд и социјална политика и одбрана и претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...