Милевски: Груевски спремај се за Шутка, не за барикади

Синоќа од Скопје Либерално-демократската партија го отпочна серијалот на трибини насловен “Македонија после груевизмот: Либерални решенија”.

На трибината се обрати претседателот на ЛДП, Горан Милевски кој ги коментираше последните повици на режимските новинари кои најавуваат протести и вадење на народот на улица.

“За што го повикувате народот на барикади? За да го брани вашиот криминал? За да ве спасува од затвор? За да ви ги заштити 25 милиони евра провизии? За плацевите на Водно, за Актор, за да ви ги заштити фирмите од Белизе, становите во Монте Карло? Приватните авиони? Што ќе брани народот на барикади? Премиере, доцна се сетивте на граѓаните. Наместо за на барикади, најдобро е да се припремате за во Шутка“, нагласи претседателот на ЛДП, Милевски.

На синоќешната трибина, Мр. Јован Манасијевски, Проф. д-р Никола Пановски, Драган Малиновски, Никица Корубин и Проф. др. Зоран Шапуриќ се осврнаa на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и дадоа либерални решенија како да се решат истите. Покриени беа повеќе области, меѓу кои здравството, економијата, образованието, екологијата, заштитата на човековите права, слободата на медиумите и правосудниот систем.

Трибините ќе продолжат и во останатите градови во Македонија во текот на месеците ноември и декември.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...