ЛДП: Наместо во микроакумулациии, власта парите ги “натопи“ во барокни фонтани

LDP tribina - Mogila (1)“Македонското земјоделство под режимот на ВМРО-ДПМНЕ се соочува со најголемите предизвици досега, но пред се’, со лоша поставеност на субвенциите за земјоделското производство“, ова беше еден од заклучоците на трибината на Либерално-демократската партија , што се одржа пред жителите на пелагониската општина Могила.

Eдуцираноста кај нашите фармери е на многу ниско ниво во врска со новите, модерни начини на работа во фармерското производство, а моментално субвенционирањето на земјоделското производство е така скроено што субвенциите станаа социјална категорија, и и’ служат на власта да ги злоупотребува земјоделците како гласачка машинерија.

Иако Македонија се смета за аграрна држава, отсуствува закон за стратешки култури, а не постои ни законска регулатива за производство и откуп (освен за тутунот) за другите земјоделски култури кои се од стратешко значење.

LDP tribina - Mogila (2)Државата спроведува погрешна политика и околу промоцијата и поддршката на земјоделците за производство на органска храна. Не постои ни стратегија за зголемување на бројот на микроакумулации и хидросистемски мрежи.

ЛДП, презентирајќи ги решенијата за клучните проблеми во земјоделието пред жителите на Општина Могила, предочува дека доколку вистински се сака развој на земјоделството, потребно е субвенционирањето да биде правопропорционално, односно колку поголема продукција толку поголема субвенција, како и субвенционирање со репроматеријали.

Што се однесува до наводнувањето, како клучен фактор за зголемување на производството, сметаме дека на територијата на нашата држава треба да се изградат голем број на микроакумулации, кои би се искористиле за поставување на хидросистемски мрежи.

Ова дотолку повеќе што Македонија се справува со 4 децении стара хидросистемска мрежа, а лакомоста и лудилото на оваа власт парите на граѓаните наместо во потребни инвестиции, ги “натопи“ во барокни фонтани.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател ...