Милевски: Јанкуловска ја гризе совеста, очигледно таа не спие мирно

Дали и’ е мирна совеста на поранешната министерка на МВРО, или од неа зборува потсвеста, штом се загрижила за сонот на новиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски? Токму преземањето на Министерството за внатрешни работи од страна на опозицијата, очекувањата на граѓаните и стравувањата на власта, беше главната тема на говорот на претседателот на ЛДП, Горан Милевски во Струмица, на трибината „Макадонија после Груевизмот – Либерални решенија“.

Милевски, коментирајќи ја пораката на Твитер на екс-министерката Јанкуловска, јавно ја запраша дали и’ е чиста совеста по се’ што правела со и во министерството, обелоденето во „бомбите“ на опозицијата.

“Очигледно зборува потсвеста на министерката, па мисли дека сите се како неа. Главното прашање е дали Вие, министерке, спиете мирно? Дали Ви е чиста совеста или можеби си мислите дека сите се како вас?“, рече Милевски пред струмичани, давајќи целосна поддршка на новото раководство на МВР.

“Нема причина Спасовски да не спие мирно кога неговата задача е да го деполитизира министерството од нестручи и партиски кадри, да расчисти со криминалот и од МВРО да го претвори во Министерство за внатрешни работи на сите граѓани на Р. Македонија“, рече Милевски.

ЛДП од новите министри очекува да го обелоденат и да се справат со криминалот во сите пори од владеењето на Груевизмот пред се’, изборните нерегуларности, избирачкиот список и корупцијата.

На самиот крај, Милевски упати порака и до медиумите кои се обидоа да ги дискредитираат новите министри од опозицијата.

“Не е долично со бламажи и деструктивни кампањи да се напаѓаат новите министри. Затоа, сметаме дека веднаш треба да се донесе Законот за медиуми и да се заврши со ширењето на омраза и деструктивност кај одредени медиуми“, заклучи Милевски пред граѓаните на Струмица.

Во продолжение можете да го проследите и прилогот на ТВ ВИС од Струмица за одржаната трибина.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија, предвесници на демократските и еколошки реформи во државата

Граѓаните на општината Гевгелија денеска покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа ...