Груевски: Итна оставка на Талески и избори за нов градоначалник на 11 декември!

Валентин ГруевскиИнтегрален текст од прес конференцијата на членот на ИО на ЛДП и советник во општина Битола, Валентин Груевски

Битола во овој момент нормално не функционира, Битола се мачи, Битола дише на жабри.  Градоначалникот е во притвор веќе трет месец, и никој не знае до кога тоа ќе трае.

На почетокот на школската година нема кој да распише тендер за превоз на ученици, општинската каса тешко се полни, расходите се на очајно ниско ниво, директорите на училиштата се со завршен мандат.

Битолското ВМРО-ДПМНЕ е потполно свесно дека оваа ситуација, со потпишување на документи од дома,  не е повеќе одржлива, но заглавени во сопствените игри, не саката да ја прифатат реалноста.

ЛДП предлага две работи за излез од кризата во која се наоѓа градот:

  1. Неотповиклива и итна оставка од страна на Владимир Талески.
  2. Избори за нов градоначалник на 11-ти декември, заедно со парламентарните избори.

Придобивките од овие два потези ќе бидат следни:

  1. Интересот на граѓаните на Битола мора да биде пред сечиј личен интерес, вклучувајќи го тука и интересот на Владимир Талески.
  2. Ќе се избегнат дополнителните трошоци за двојни избори и во еден ден ќе се изберат пратеници и градоначалник.
  3. Ќе биде назначен владин повереник кој ќе ја води општината до 11-ти декември, а потоа до редовните избори новоизбраниот градоначалник.

За ЛДП предвремените избори ќе бидат излез од кризата во која се наоѓа градот, ќе бидат еден нов почеток во кој зад нас ќе останат дванаесет години назадување и тапкање во место.

ЛДП не сака да навлегува во вината на Владимир Талески, но истиот мора  во овој момент да понесе морална одговорност и тој мора да ја напушти функцијата.

Сакаме да ја потсетиме јавноста дека Владимир Талески е еден од ретките  политичари кој беше во бомбите а сеуште не си поднел оставка. Заминаа Груевски, Мијалков, Ставревски, Јанкуловска, Јанакиевски а тој упорно ја држи Битола во заложништво.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

ЛДП Куманово со свечени активности по повод одлебежувањето на денот на ослободување на градот

По повод одбележувањето на 11-ти Ноември – денот кога пред 73 години Куманово беше ослободено ...