Изјава на Ханс ван Баален, претседател на АЛДЕ (Алијанса на Либерали и демократи во Европа), по синоќешните случувања во Собранието на РМ

“Силно го осудувам вчерашниот насилен упад во Македонскиот Парламент, веднаш по изборот на нов претседател на Парламентот со поддршка на мнозинството од демократски избраните пратеници.

Вакви чинови на насилство во Парламентот се целосно неприфатливи и со огромно жалење гледав додека демократски избраните народни претставници – пратениците, особено нивните лидери, Зоран Заев и коалицискиот партнер Зијадин Села, беа таргетирани и повредени во хаосот.

Токму ваквите акти на насилство ја загрозуваат Македонската стабилност и унитарност. Порачувам намалување на тензиите, смиреност и рационалност.

Поминаа веќе четири месеци откако Македонските гласачи беа на гласачките места, но за жал, тие сѐ уште чекаат на формирањето на нивниот Парламент и Влада, кои свесно беа опструирани од убедувањата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за тоа дека тие сѐ уште се на власт, без обзир на формирањето на мнозинската коалиција од страна на СДСМ.

Ја повикувам и ЕПП (Европската Народна Партија), во која членува и ВМРО-ДПМНЕ, да ги направат сите можни напори за нивната партија членка и нејзиниот лидер, Груевски да престанат со промовирање на насилни демонстрации и да прифатат дека демократијата мора да си оди по својот пат.

Веќе разговарав со нашите либерал-демократски пријатели во Македонија и со нивниот лидер, пратеникот Горан Милевски, кој и самиот беше цел на напади и насилство во парламентот, со цел да ја изразам мојата солидарност и уште еднаш да ја повторам нашата поддршка во нивните континуирани напори за враќање на демократијата во Македонија“.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...