Делегација од ЛДП и АЛДЕ на средба со холандскиот амбасадор Воутер Пломп

Вчера, претседателот на Европските либерали, (Алијанса на либерали и демократи на Европа – АЛДЕ) и пратеник во Европскиот парламент, господинот Ханс Ван Бален, заедно со претседателот на Либерално-демократската партија и пратеник во Собранието на РМ, Горан Милевски, потпретседателот на ЛДП, минстерот Зоран Шапуриќ и генералниот секретар на Либералната интернационала, Емил Киријас остварија средба со Амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. господинот Воутер Пломш и заменикот на амбасадорот, Андри ван Мене.

На средбата се разговараше за евроатланските перспективи на Република Македонија и за напорите кои ги вложува новата реформска влада, како и за првичните резултати на Владата на република Македонија за исполнување на агендата 3 – 6 – 9. Притоа, на состанокот беше истакнато дека Кралството Холандија е голем пријател на Македонија и силен подржувач на државата од осамостојувањето до денес, вклучително и поддршката од ван Бален за ЛДП во насока на остварување на програмските цели и замисли, како дел од новата влада на државата.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Наташа Глигороска, кандидат за советник од ЛДП во Советот на Струга

За кандидат за советник во Советот на Општина Струга од страна на ЛДП е номинирана ...