Во Центар досега влегоа 23 инспекции, Андреј Жерновски

zernovski1За проектот “Скопје 2014” се работи за анализа на многу документи, а меѓу двата изборни круга имаше информации дека голем број од нив се из­не­су­ва­ат од Општината. Секој што ова го сторил или помогнал, ќе треба да одговара. По сè изгледа, ќе бидат точни предвидувањата дека не­дос­ти­га­ат документи поврзани со овој проект

 

Ан­дреј Жерновски, градоначалник на Општина Центар, направи смена на влас­та во Општината, по цели 12 години. Тој зборува за проблемите и за пред­нос­ти­те кои ги има како единствен градоначалник во Скопје од ре­до­ви­те на опозицијата, за плановите со КК “Работнички”, за гасификацијата, за 23-те инспекции кои дошле во Општината откако тој е градоначалник, за обвинувањата за партиски вработувања, но и за разрешувањето на не­го­ви­те сопруга и брат од работните места откако станал градоначалник.
Жер­нов­ски деновиве му ја отстапи грижата за спомениците од проектот “Скоп­је 2014” на Град Скопје, но ревизијата на проектот продолжува, а не се откажува ниту од можноста да организира референдум, на кој центарци би се изјасниле дали и кои споменици треба да се дислоцираат.
ВЕСТ: Два месеца сте градоначалник на Општина Центар, но оставате впе­ча­ток дека исто толку време се занимавате само со обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ. Зошто не почнете со реализација на ветувањата од пре­диз­бор­на­та кампања?

Жер­нов­ски: Попрво би рекол дека ВМРО-ДПМНЕ се занимава само со об­ви­ну­ва­ња кон мене и со состојбите во Општина Центар. Како доказ за тоа, пог­лед­не­те го последното интервју на премиерот Никола Груевски. Ни по два месеца од локалните избори, никако да го прифатат фактот дека до­жи­ве­а­ја пораз и оти мораат да ја почитуваат волјата на граѓаните. За да би­де иронијата поголема, по сето насилство, Груевски сега го осудува де­мо­ли­ра­ње­то на бараките во Општината. Па зар некој верува дека тој не зна­ел за активноста на неговите партиски членови, и тоа оние што се вра­бо­те­ни во државните институции? Но мене тоа нема да ме поколеба да про­дол­жам со реализација на ветувањата од предизборната програма. Ќе ве потсетам, ја започнавме гасификацијата во Центар, која ќе значи ог­ром­ни заштеди за самата Општина, а во натамошниот тек на реализација и за индивидуалните домаќинства. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го нап­ра­ви во текот на изминативе 13 години власт во Општина Центар, ние го направивме за само месец и половина. Впрочем, се разликуваме во сè. Тие уништуваа зеленило, ние веднаш почнавме да го враќаме. Грдотијата кај Цветниот пазар ја претворивме во парк. Тие им наплаќаа на граѓаните, ние веќе го исполнивме барањето на жителите на Центар за бесплатно пар­ки­ра­ње на целата територија на Општината на отворените паркинзи. Во нивно време се отвораат само коцкарници и обложувалници, ние ја от­во­рив­ме првата општинска читалница со 4000 книги. Она што е многу зна­чај­но за граѓаните е да добијат помали сметки за греење, а тоа ќе се ре­а­ли­зи­ра преку реконструкција на фасадите и реализација на ветениот про­ект за енергетска ефикасност. Во првиот период се избрани 15 згради кои нас­ко­ро ќе добијат обновени фасади, но без менување на првобитниот об­лик. Има и други проекти кои се реализирани или се во тек на ре­а­ли­за­ци­ја, и затоа вашиот впечаток дека во овие два месеца се занимавам само со обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, го негираат фактите.
ВЕСТ: Што да очекуваат граѓаните од вас до крајот на годинава? Кои про­ек­ти ќе ви бидат приоритет?

ЖЕР­НОВ­СКИ: Интензивно се работи на доизградбата на спортската сала “Го­це Делчев”. Направени се огромни пропусти во изведбата на проектот, а поради несоодветната хидроизолација во објектот, кој е во изградба, има пропуштање на подземни води. Но, сепак, со дополнителни напори и тро­шо­ци, салата ќе профункционира со почетокот на учебната година. Про­дол­жу­ва­ме со гасификацијата, а во тек се договорите околу по­на­та­мош­на­та судбина на КК “Работнички”, за да го вратиме стариот сјај на на­ши­от македонски бренд. Ја отворивме првата читалница “Славко Ја­нев­ски”, планираме да отвориме уште неколку, бидејќи ова е еден од про­ек­ти­те кој доби поддршка од граѓаните. Изградба на нова градинка и учи­лиш­те во Капиштец е еден од приоритетите за наредниот период.

ВЕСТ: Имате ли првични резултати од ревизијата на проектот “Скопје 2014”, со оглед на тоа што помина еден и пол месец од нејзиниот старт?

ЖЕР­НОВ­СКИ: Комисијата работи интензивно, резултати и сознанија има, но дозволете, поради карактерот на работата, да не избрзуваме со зак­лу­чо­ци. Сепак, ревизија не се врши за 4 дена, како што изјави премиерот. За 4 де­на може да се донесе само политички памфлет, а ние имаме обврска да пристапиме мошне сериозно, за да ја вратиме транспарентноста и гра­ѓа­ни­те, конечно да дознаат колку и на кој начин се потрошени нивните па­ри во проектот “Скопје 2014”. Се работи за анализа на многу документи, а ме­ѓу двата изборни круга имаше информации дека голем број од нив се из­не­су­ва­ат од Општината. Секој што ова го сторил или помогнал, ќе треба да одговара. По сè изгледа, ќе бидат точни предвидувањата дека не­дос­ти­га­ат документи поврзани со овој проект.

ВЕСТ: Најавивте можност жителите на Центар на референдум да се из­јас­нат за иднината на спомениците. Ќе им ја дадете ли таа можност?

ЖЕР­НОВ­СКИ: Секогаш сум велел дека жителите треба да одлучуваат за из­гле­дот и за иднината на Општина Центар. Нив никој не ги праша дали го под­др­жу­ва­ат проектот “Скопје 2014”. Јас нема на тоа самоволие да од­го­во­рам на ист начин. Затоа, токму во рацете на граѓаните е иднината на спо­ме­ни­ци­те. Доколку тие сакаат дел од нив да се дислоцира, јас тоа ќе сто­рам. Согласно законските ингеренции, референдумот остануваа една од можните опции на кои тие ќе го искажат нивниот став.

ВЕСТ: Се пожаливте дека касата на Општината е празна. Како се снај­дов­те и сè уште се снаоѓате за исплата на трошоците, за платите на вра­бо­те­ни­те?

ЖЕР­НОВ­СКИ: На виделина излезе вистинската економска политика која ја води ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи празната каса и кредитите беа реалноста со која се соочив . До таа мера беше испразнета општинската каса, што во пра­ша­ње се доведе исплатата на редовната плата за вработените. Тоа ви ка­жу­ва што направи владејачката партија со најбогатата општина во др­жа­ва­та. Годишниот буџет бил потрошен уште во февруари, а треба да се от­пла­ќа­ат и кредитите кои Општина Центар ги подигнала за двете катни га­ра­жи, и тоа во висина од 5,5 милиони евра. Нивниот градоначалник не соб­ра сила да ми го соопшти тоа лично, па одлучи да побегне од тра­ди­ци­о­нал­но­то примопредавање на функцијата. Но јас немам друг избор, освен да ја прифатам таа реалност. За среќа, Општината има редовни приходи со кои, се разбира, со штедливо работење, се овозможува тековното фун­кци­о­ни­ра­ње.

ВЕСТ:Колку инспекции влегоа во Општината откако сте градоначалник? За што добивте казни?

ЖЕР­НОВ­СКИ: Сигурен сум дека и за нив премиерот Груевски нема слуш­на­то досега. Како и за скандалот со одземање на лиценцата на фирмата пре­ку која Општина Центар ги врши вработувањата на определено време. По­ра­ди тоа, оневозможен сум да вработам нови луѓе во Општината. Не слуш­нал ни за тоа дека во текот на протестите, мојата сопруга и мојот брат беа разрешени од нивните работни позиции, спротивно на сите за­кон­ски прописи. Но во тоа јавно претпријатие нема инспекции и казни. Од дру­га страна, Општината досега ја имаат посетено 23 инспекции, и тоа е осум па­ти повеќе отколку што влегле за време на целиот мандат на мојот прет­ход­ник. Инспекции имаше и дента кога граѓаните, наводно, спонтано, про­тес­ти­раа и ја демолираа општината. Платив казна од 3.750 евра, и тоа са­мо затоа што отидов на порамнување во Судот во Велес, инаку требаше да платам меѓу 7.500 и 15.000 евра. Понатаму, казнет сум и со две казни од по 3000 евра. Тоа е по наодите од трудовата и управната инспекција. По­се­те­ни сме и од Инспекторатот за локална самоуправа и од Архивот. Јас секогаш се залагам за законско работење, и органите треба непречено да си ја вршат работата. Инспекторите се добредојдени, но она што сакам да го кажам е дека не смее да има селективност. Од она што го кажуваат са­ми­те инспектори, само Општина Центар е “почестена” со инспекции. Тие ве­лат дека немаат налози да постапуваат и да контролираат така и во дру­ги­те општини.

ВЕСТ: Ве обвинија за партиски вработувања. Имаше ли нови вработувања во Општината?

ЖЕР­НОВ­СКИ:За да ја реализирам програмата за која добив мандат од гра­ѓа­ни­те, сакам да соработувам со луѓе во кои имам целосна доверба и кои ги исполнуваат стандардите и критериумите за квалитет и знаење. Па за­рем треба да работам исклучиво со кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, кои само во мандатот на Тодоровиќ пораснаа од 65 на 135? Како може мене да ме об­ви­ну­ва­ат за партиски вработувања, кога знаеме како власта ја пре­пол­ни државната администрацијата. Но притисоците и тука се присутни. Веќе на­по­ме­нав дека агенцијата за времени вработувања “Декра”, која ја нас­ле­див­ме од претходниот градоначалник, ја загуби лиценцата за работа са­мо затоа што продолжи да работи и со новото раководство на Општината. Та­ка денес изгледа демократијата во Македонија, и наша обврска е так­ва­та политика да ја поразиме и на централно ниво.
Ма­ја Илиевска – Пачемска

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Колумна на Александар Ружин за plusinfo.mk: Криминалната ДНК на ВМРО-ДПМНЕ е препознатлива

Не поминаа ниту 50 дена од конститутирањето на новата влада, а можеме да констатираме дека ...