Моника Зајкова – нов претседател на младите либерал-демократи

Со 47 гласа Моника Зајкова синоќа е избрана за нов претседател на младите на ЛДП, која на тајно гласање го победи досегашниот претседател на ЛиДеМ, Стефан Миноски, за кого гласаа 20 делегати.

 

Моника Зајкова вети промени и борба за младински права и политики, усогласени со Европските стандарди бидејќи, рече, сакаме европска младина. Се залага за современо образование, декриминализација за употребата на марихуана, право на глас на локалните избори на 17 години, заштита на човековите и граѓанските права, интеграција на маргинализираните групи, екологија, и секако спортот како нејзина посебно драга област.

 

Новото раководство на ЛиДеМ, вети дека ќе состави текст кој ќе содржи конкретни мерки кои ќе допринесат кон стимулирање на младите за редовно спортување и рекреација, подобрување на статусот на спортистите во општеството, борба против допингот и насилството во професионалниот спорт и тргање на рацете на централната власт од спортските федерации.

 

Моника Зајкова е магистер на правни науки со положен правосуден испит. Работи како асистент на пратеничката група на владеачката коалиција во Собранието на Р.Македонија. За нов генерален секретар на подмладокот на ЛДП е избран Кире Геговски.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 11 2017

Реплика на Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, по расправата за ребаланс на буџетот – 18 ...