Жерновски во посета на Битола

timthumb (1)Во рамките на своите тековни активности, Претседателот на ЛДП, Андреј Жерновски, и Генералниот секретар на ЛДП, Дуфе Куковски, беа во редовна посета на општинската организација на ЛДП од Битола.

Во Битола, на седницата на Општинскиот одбор на организација со раководството на партијата, на состанокот пред присутните членови беше разгледана актуелната политичка состојба во Република Македонија, при што беа изнесени ставовите на ЛДП по повеќето прашања кои се актуелни во овој период во државата. Беше констатирано дека ваквите средби се корисни за членството, директно да се запознае со случувањата во ЛДП и државата, при што е договорено да продолжи интензивната соработка помеѓу централата и општинската организација на ЛДП.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Годишно изборно Собрание на ЛДП Пехчево

На 21 Мај 2017 година се одржа годишно Собрание на Општинската организација на ЛДП Пехчево. ...