Зоран Павловски именуван за државен секретар во Министерство за економија

Денеска на предлог на ЛДП, за нов државен секретар во Министерството за економија е именуван Зоран Павловски.

Зоран Павловски, член на Либерално-демократската партија, на ова место доаѓа од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во Општина Куманово, со иксуство во развој на локална економија, поддршка во развој на мали и средни претпријатија, претприемништво, туризам, занаетчиство и угостителство.

Новиот државен секретар првенствено ќе се залага за зголемена подршка на мали и средни бизниси, релаксирање на законската регулатива со намалување на парафискални даноци и надоместоци, еднакви услови за домашните и странски компании, како и за зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Младите Либерал-демократи успешно го завршија вториот модул од Регионалната Либерална Политичка Академија

Со посетата во Брисел завршена е втората по ред Регионална либерална политичка академија (RLPA) на ...