Зоран Шапутиќ: За состојбите со загадувањето на воздухот во Скопје

Во продолжение Ви пренесуваме дел од изјавите на Потпретседателот на ЛДП, Зоран Шапуриќ, поранешен министер за живтона средина, за состојбите со загадувањето на воздухот во Скопје, дадени за НОВА ТВ и ТВ 24 Вести.

за 24 Вести:

“….. Потребни се итни и поинтензивни мерки, но и финансиски средства за менаџирање на проблемот. Еколошките такси мора да се слеваат во независен еколошки фонд, а не во буџетот. Тие треба да се користат за справување со загадувањето кое според статистиките е на алармантно ниво. ….“

Целосната изјава, заедно во видеото, можете да ги погледате на следниот линк

за Нова ТВ:

“….. Недостасува сериозна студија за да се утврди кој е загадувач и врз основа на тоа да се преземаат мерки. Точно е дека еве пример Скопје е во котлина, но има начини како да се реши загадувањето и во котлини, ако граѓаните за огрев користат дрво, може да се субвенционираат фотоволтаични уреди, да се забрани сообраќајот во строгите делови на градот, да се направат подземни сообраќајници итн. За жал, кај нас наместо подземји сообраќајници се градат панорамски тркала, а освен тоа, на секоја зелена локација се гледа како атрактивна градежна парцела.  ….“

Целосната изјава, како дел од написот “Граѓаните и денеска дишат енормно количество канцерогени честички“, на НоваТВ, можете да го прочитате на следниот линк.

Сподели....Share on FacebookTweet about this on TwitterEmail this to someone

Би можело да ве интересира

Директорот на ДЗИ Станкоски заедно со Министерот Николовски на средба со винарските визби

Директорот на државниот земјоделскиот инспекторат Јане Станкоски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ...