Зоран Павловски на отворање на ликовните колонии “Карпино 2016“ и “Куманово 2016“

Минатата недела, членот на Извршниот одбор на ЛДП и раководител на интернационалните ликовни колонии “Карпино 2016“ и “Куманово 2016“, присуствуваше на отворањето на изложбите на насликаните дела.

Заедно со историчарката на уметноста, Виолета Калиќ и Драгана Спасковска, кустос од Музејот во Куманово, Павловски и останатите присутни уживаа во изложените 22 дела од уметници, академски сликари и скулптори од Македонија, Бугарија, Србија и Романија.

Изложбите на делата од меѓународните ликовни колонии се одржаа во новиот салон на галеријата “Ко-Ра“ во Ј.У. Дом на култура “Кочо Рацин“ во Скопје.

Сподели....Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Би можело да ве интересира

Министерот Шапуриќ, гостин на МТВ

Гостување на Министерот Шапуриќ на МТВ на кое се дискутираше на тема финасиска поддршка за ...