ЦО го прифати преглогот на мандатарот Заев, ЛДП да го води министеството за локална самоуправа

ЦО го прифати преглогот на мандатарот Заев, ЛДП да го води министеството за локална самоуправа

Како претседател на ЛДП сакам да ја информирам јавноста дека синоќа Централниот одбор на ЛДП, донесе одлука да се прифати предлогот на мандатарот Заев, ЛДП да го предводи ресорот локална самоуправа.

ЛДП донесе и одлука за министер во овој ресор да ме предложи мене, како претседател на ЛДП и со тоа да даде тежина на ова значајно за нас министерство.

Истовремено, Централниот одбор му се заблагодари на досегашниот министер од редовите на ЛДП во Владата на РС Македонија, проф. д-р Зоран Шапуриќ за неговиот досегашен успешен ангажман како министер за подобрување на инвестициската клима.

Локалната самоуправа од запоставен министерски ресор, ЛДП има намера да го направи еден од најважните ресори во државата.
Сакаме да има “СИЛНИ ОПШТИНИ, ЗА СИЛНА МАКЕДОНИЈА” каква што беше заложбата на ЛДП уште пред точно 10 години, кога настапивме самостојно на Локалните избори во 2009 година под слоганот: СИЛНИ ОПШТИНИ, СИЛНА МАКЕДОНИЈА.

ЛДП добива огромна задача да ги зголеми ингеренциите и финансиите на локалната самоуправа.

Таа можност ќе ја искористиме заедно со одличниот тим кој ќе го изградиме во самото министерство и со поддршка на премиерот и локалната самоуправа.

Драго ни е дека претседателот на Владата, Зоран Заев ги споделува нашите намери и идеи за засилување на локалната самоуправа.

Ќе успееме ЗАЕДНО: