Размислувај различно

Размислувај различно

Вчера (06.10.2019), Централниот одбор на ЛДП донесе одлука партијата да започне со кампања низ Македонија под слоган: Размислувај различно – Либерално кон ЕУ.

Со размислувај различно, сакаме да ги потенцираме либералните вредности, но исто така да ги чуеме и мислењата на граѓаните, преку директните средби и трибините кои ќе ги организираме во 30 градови низ републиката, со цел заеднички да одлучиме со кои вредности ќе го трасираме патот на државата кон Европа.

Подготвуваме 6 големи трибини, 16 помали и 30 средби со граѓани ширум републиката.

Воедно во периодот кој следи ЛДП ќе поднесе и низа Предлог- законски решенија.