ЛДП од Ѓорче Петров: Брзи и темелни реформи, расчистување со криминалот од поранешните и актуелните функционери независно од одлуката на ЕУ

ЛДП од Ѓорче Петров: Брзи и темелни реформи, расчистување со криминалот од поранешните и актуелните функционери независно од одлуката на ЕУ

Потребна ни е сигурна, правична и европска држава во која граѓаните ќе веруваат дека сите заедно функционираме и креираме транспарентни политики, во духот на либералната демократија. Потребно е Македонија засилено да продолжи со реформите во судството и заживување на економијата, истакна Горан Милевски, претседател на Либерално демократската партија, на средбата со членовите во Ѓорче Петров.

ЛДП бара брзи и темелни реформи во правосудството, расчистување со криминалот од минатото и од актуелните функционери независно од одлуката на Европската унија да се одложи добивањето датум за преговори.

Слободата, еднаквоста и правдата се принципите на кои е изградена Европа, токму ова се и принципите за кои се залага Либерално демократската партија.

Само преку почитување на основните европски вредности може да чекориме и кон Европа. Во нашата држава речиси три децении се размислува само лево или десно, кон едната или кон другата опција. Време е за различно размислување, либерално кон Европа. ЛДП не разочарува, ЛДП испорачува.