Во период од 17 до 22 ноември 2019 година во Брисел, Белгија, членовите на Либерално Демократската Младина вклучително со претседателот на ЛиДеМ Димитар Ванчов и поптретседателката на ЛДП Моника Зајкова, имаа можност да учествуваат на Алумни од Регионалната либерална политичка академија (РЛПА).

Учесниците имаа можност да ги посетат канцелариите на ALDE и LYMEC и да разговараат за можностите за вмрежување на младите од Западен Балкан. Во рамки на Академијата се изработи резолуција насловена како “И ние сме Европа”. Интенција на резолуцијата е да се испрати порака за важноста од интеграција во Европската Унија на земјите од Западен Балкан со посебен осврт на младите луѓе. Предлог резолуцијата беше презентирана на панел дискусија во Европскиот Парламент пред Европратениците од ALDE, Илхан Ќучук, Каталин Цех и Свенија Хан. кои  дадоа позитивни мислења со целосна поддршка за предлагање на истата на следниот конгрес на LYMEC, кој ќе се оддржи во Скопје од 3-5 април 2020 година. Членовите на ЛиДеМ остварија и средба во просториите на Македонската мисија во ЕУ со Амбасадорката Агнеза Руси Поповска, каде што имаа можност да разговараат за европските можности и пердпективи на младите луѓе од  нашата државата.

Сите овие активности се во склоп и корелација со програмските определби и стратешки приоритети на ЛиДеМ. ЛиДеМ се залага за интеграција на нашата држава во ЕУ поради тоа што сите луѓе, посебно младите би имале огромни бенефити од членството во европското семејство.

Галерија

Recommended Posts